fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)

Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно, особено во главниот град. Во 2018 година во нашата земја биле регистрирани вкупно 415.062 патнички...

Полицискиот час покажува колку сообраќајот навистина влијае врз аерозагадувањето во Скопје (инфографик)

„Мета.мк“ продолжува со истражувањето на влијанието на сообраќајот врз квалитетот на воздухот во Скопје. Токму епидемијата со корона вирусот изминатава пролет овозможи уште еднаш да се докаже дека намалената фреквенција на скопските улици довела до намалување на присуството на ПМ-2,5 и ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во скопскиот воздух во текот на април 2020 година. ЈП „Улици и патишта“ до...

Во меѓуградскиот превоз десет пати повеќе се патува со такси отколку со воз (инфографик)

Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат дека возовите и автобусите се сè помалку атрактивни за патниците, па така таксистите го земаат приматот и во превозот меѓу...

Корона вирусот во март го намали загадувањето на воздухот со ПМ-2,5, ПМ-10 честички и NO2

Месечните извештаи за квалитетот на воздухот во Скопје на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат намалено присуство на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во текот на март 2020 година, споредено со идентичниот месец лани. Големото намалување на фреквенцијата на возила во главниот град, заедно со забавеното работење на индустријата, доведе до тоа жителите на Скопје годинава...

Милано ќе реконструира улици за да овозможи повеќе простор за велосипедисти и пешаци

Северниот италијански град Милано и околниот регион Ломбардија кои беа особено погодени од пандемијата на корона вирусот, воедно се и меѓу најзагадените области во Европа. Како последица од справувањето со вирусот, Милано ќе го промени уличниот простор за автомобили, со цел да овозможи повеќе простор за велосипедизам и прошетки, пишува „Гардијан“. Градските власти веруваат дека со оваа мерка ќе го...

Водечки научни студии докажале дека ПМ2,5 честичките директно влијаат на смртноста од Ковид -19

Дури за 15 проценти е зголемена стапката на смртноста кај лица заразени од Ковид-19 кога има зголемување на загадувањето со ПМ 2,5 од само еден милиграм на кубен метар, утврдиле научниците од Харвард во најновата национална студија, објавена пред неколку дена во Соединетите Американски Држави. Во првите месеци на пандемијата реализирани се бројни научни студии од врвни научни центри...

Корона кризата и седењето дома „удри“ по ПМ-10 честичките и сулфур диоксидот во Скопје

Воведувањето на полицискиот час на 22 март годинава поради епидемијата на корона вирусот не носи само негативни вести. Намалениот обем на работа на индустриските капацитети и намаленото развозување со возила низ Скопје во изминативе недели донесе и намалување на испуштањето на ПМ-10 честичките и на сулфур диоксидот во главниот град. Веќе неколку дена по ред, Центарот за управување и контрола...

Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на...

Поради короната ќе доцни пристигнувањето на новите автобуси за ЈСП – Скопје

Пандемијата на корона вирусот ќе влијае и на испораката на новите еколошки автобуси за ЈСП - Скопје. Првата пратка од новиот возен парк требаше да пристигне до крајот на март, но поради околностите со вирусот Ковид-19 во речиси цела Европа таа ќе се одложи на неодредено време. Од Јавното сообраќајно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се во постојана комуникација...

Загадувачите во Скопје работат турбо, а инспекторите до 16.30 часот поради короната

Инспекциите немаат сознанија што е причината на високото загадување на воздухот во Скопје измерено синоќа во текот на ноќните часови. Од Државниот инспекторат за животна средина, во чија надлежност се контролите над големите индустриски капацитети во градот, со А интегрирани дозволи, велат дека вршат редовни контроли според планот за месец март, иако имаат скратено работно време поради епидемијата со...

Кочани доби мурал со гас маска во време на корона и аерозагадување

Во време на подзаборавеното аерозагадување, а сè позасилениот страв од корона вирусот Ковид-19, потпорниот ѕид кај тн. „Атомски згради“ на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани, доби мурал со гас маска. Муралот е уметничка креација на Орхан Ќамилов, Иван Шапков, Давид Јосифов и други. – Овој ѕид претходно беше наменет исклучиво за изборни плакати. Сѐ уште постојат траги што сведочат за...

Општина Прилеп ја субвенционира набавката на инвертери и велосипеди за домаќинствата

Околу 100 граѓани од Прилеп, изминативе 3 дена доставиле комплетна документација со барање за користење на субвенциите за инвертери и велосипеди, што овој месец ги доделува Општина Прилеп, како една од сетот мерки против аерозагадувањето. - Купив клима со инвертер во вредност од околу 35.000 денари. Ја комплетирав документацијата брзо и ќе ја доставам до Општината. Верувам дека ќе добијам...

Короната го одложи и протестот против загадувањето на Балканот

Протестите под заеднички наслов „Балкан бара чист воздух“ кои требаше да се одржат денес во Скопје и во осум други градови на Балканот, се одлагаат до завршетокот на епидемијата на корона вирусот или на нивно место ќе бидат одржани еко-перформанси. - Јавните собири се одложуваат како мерка на претпазливост за да не претставуваат потенцијална опасност по здравјето на граѓаните -...

Промовирана софтверската алатка „ПМ аларм” за прогноза на аерозагадувањето

Во рамки на активностите на „Планот за чист воздух за 2020 година“, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се одржа јавна презентација на софтверската алатка за прогноза на аерозагадувањето „ПМ аларм”, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. „ПМ аларм” e систем за прогноза на аерозагадувањето,...

„Али експрес сензорите“ мерат исто како како државните

Иако надлежните ги отфрлаат како нерелевантни податоците кои тие ги генерираат, а заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули неодамна ги нарече „Али експрес сензори“ (во смисла - многу евтини и едноставни)  кои служат само да се крева паника околу загадувањето, кога ќе се споредат податоците добиени од приватните мерни станици во држава тие покажуваат резултати слични со оние добиени...

Додека се чекаат субвенциите за инвертери, објавен огласот за субвенции за печки на пелети

Додека граѓаните ги чекаат повиците на општинските власти од Скопје, Битола, Кичево и Тетово за добивање ваучери од 60.000 денари за набавка на инвертер клима уреди, Министерството за економија го објави јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки за греење на пелети. Државата преку оваа мерка ќе издвои околу 480.000 евра за субвенционирање на...

Скопје и владата се подготвени за објавување на повикот за субвенционирање на инвертерите

Градските власти и владата ги прават последните подготовки пред распишувањето на повикот за доделување на субвенции за набавка на инвертер клима уреди од домаќинствата во главниот град. Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните субвенции. „Во основниот буџет на...

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM-10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од владината прес - служба. Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК) за ден 27 јануари (понеделник), средно - дневните концентрации на РМ-10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и...

Македонски парадокс: Се расфрламе со струја, по загадување сме први, а последни по енергетска ефикасност (инфографик)

Терминот „енергетска ефикасност“ во Македонија е несериозно сфатен, како од властите и инвеститорите, така и од самите граѓани. Земјава е на самото дно во Европа по спроведувањето на мерки за намалување на потрошувачката на енергија, чиј износ е најзагрижувачки во делот на загревањето на домовите во зимскиот период. Како последица на ова, македонските градови редовно се наоѓаат на светскиот...

Слаби ефекти од ланскиот скопски буџет за екологија

Најавени, па делумно реализирани активности, одложени проекти, ненаправени испитувања на влијанијата врз животната средина, ова е билансот на реализацијата на минатогодишниот буџет за животна средина на Град Скопје. Иако беше најавуван како една од прогресивните мерки на градските власти за справување со проблемите од областа на животната средина веќе и поради тоа што беше за 32 проценти повисок од...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...