Challenger е македонска мобилна апликација која има за цел да ја подигне свеста за аерозагадувањето, како и да учествува во намалување на истото, така што со нејзино користење ќе ги наградува своите корисници кои пешачат, трачаат и планинарат. Со Challenger, секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа може да се заменат за попусти во локални бизниси.
„Идејата е да се натпреваруваме, меѓусебно да се мотивираме и да ги намалуваме CO2 емисиите во воздухот, а најважно е дека при овој процес создаваме нови локални супер еко херои. Challenger им помага на луѓето преку визуализација на намалени CO2 eмисии, да согледаат како секоја мала активност го подобрува општеството. Со оваа апликација создаваме група на луѓе и бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни” – велат од тимот.
Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои носат попусти и награди. Предвидено е насокоро со оваа апликација да се наградуваат и километрите поминати на велосипед.
Креаторите на Challenger сметаат дека во пресрет на зимата, апликацијата ќе помогне секој нејзин корисник да се придружи на борбата за почист воздух.
Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.