четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Стево Пендаровски | 468 резултати

Пендаровски потпиша укази за прогласување на три закони за социјална реформа 

27 мај 2019

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша указите на Законот за социјална заштита, на Законот за социјална сигурност за старите лица и на Законот за изменување и дополнување на законот за заштита на децата, информираат од Кабинетот на претседателот. Од таму додаваат дека имплементацијата на трите закони е од суштински интерес за граѓаните особено за најранливите категории […]

Претседателот Пендаровски потпиша укази за 21 закон

21 мај 2019

Претседателот на државата Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претседателот Иванов, соопшти неговиот кабинет. Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на Законот за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, на Законот за Централен регистар на население, на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска […]

Пендаровски и Џафери договорија блиска соработка

20 мај 2019

На денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот на Собранието, Талат Џафери, тие договориле тесна координација во корист на граѓаните и на државата, соопшти кабинетот на шефот на државата. На средбата Џафери му го честитал стапувањето на функција претседател на државата на Пендаровски, а тие разговарале за тоа сите релевантни институции во државата во […]

Миле Бошњаковски од Влада заминува во кабинетот на Пендаровски

16 мај 2019

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски ја напушта оваа позиција и ќе биде генерален секретар во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. Бошњаковски на денешната владина прес-конференција ја потврди информацијата што некои медиуми ја пласираа како можност во изминативе денови, а на новинарските прашања досега тој не сакаше ниту да ги потврди ниту да ги негира […]

Принцот Едвард по 13 години повторно во Македонија (галерија)

16 мај 2019

Британскиот принц Едвард, грофот од Весекс, вчера пристигна во официјална посета на земјава. На аеродромот „Скопје“ беше пречекан од вицепремиерката Радмила Шекеринска, како и од британската амбасадорка во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј. Денеска, пак, имаше официјална средба со новиот шеф на државата, Стево Пендаровски. Принцот Едвард е најмалото дете на британската кралица Елизабета Втора. […]

Пендаровски до Жбогар: Очекуваме лидерите на ЕУ да бидат доследни во ветувањата

13 мај 2019

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Самуел Жбогар. На средбата биле разменети мислења за реализацијата на приоритетите и реформите на дражавата во однос на европските интеграции. Пендаровски укажал дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување […]

Иванов е уште претседател – на официјалната веб-страница

13 мај 2019

Довчерашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов иако вчера му ја предаде  функцијата на Стево Пендаровски, кој победи на последните претседателски избори, и од денеска е „во пензија“, уште фигурира како претседател на Македонија, на официјалната веб-страница на шефот на државата – http://pretsedatel.mk/. Иако кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, од вчера почна да испраќа […]

На првиот работен ден, новиот претседател Пендаровски ќе се сретне со евроамбасадорот Жбогар

13 мај 2019

На првиот работен ден од претседателскиот мандат, Стево Пендаровски во Вилата Водно ќе има средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самоел Жбогар. Откако Државната изборна комисија (ДИК) во саботата на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател, во неделата се одржа седница во Собранието, на која, тој и официјално ја […]

На „Србија данас“ и фали едно „и“ за Пендаровски и албанските гласови

8 мај 2019

Антизападниот српски онлајн медиум „Србија Данас“ вчера објави текст за резултатите од вториот круг на претседателски избори во Македонија, кој не е ништо друго туку – ред шпекулации и клевети, а ред ветер во магла. Текстот, полн со шпекулаци и клевети, претставува и директен атак врз новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Во текстот се […]

„Њујорк тајмс“ погрешно ја претстави претседателската кандидатка на опозицијата

6 мај 2019

Во својата, генерално коректна, статија за исходот на претседателските избори во Македонија, весникот „Њујорк тајмс“ објави и неточна информација за тоа како кандидатката на опозицијата воопшто стана претседателски кандидат. Во текстот „Поддржувачот на промената на името на Северна Македонија стана претседател“, „Њујорк тајмс“ пишува: „Експертот по уставно право и професор на Правниот факултет во главниот […]

Пендаровски: Ќе им служам посветено на сите, ќе обединувам и нема да делам

5 мај 2019

На кристално чисти, фер, демократски избори победија граѓаните, свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите, рече вечерва Стево Пендаровски од партиското седиште на СДСМ каде што се славеше неговата изборна победа на претседателските избори. – Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединам нема да делам, ќе бидам фактор […]

Пендаровски во убедливо водство по над 60 отсто пребројани гласови

5 мај 2019

Според најновите резултати објавени во 20.40 часот на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), покажуваат убедливо водство на Стево Пендаровски над Гордана Сиљановска – Давкова. Од обработените 62,47 отсто гласачки ливчиња, јасно е дека кандидатот на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, има околу 50.000 повеќе гласови од Сиљановска – Давкова, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Од […]

Пендаровски очекува убедлива победа

5 мај 2019

Очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по […]

СДСМ ги оцени изборите за кристално чисти, фер и демократски

5 мај 2019

По завршувањето на гласањето, шефот на Изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски изборите ги оцени како успешни, фер, слободни и демократски. „Постигнат е цензус. Граѓаните пристапија одговорно пред одлуката за заедничка иднина. Масовно го искористија правото на глас и на мирен и достоинствен начин го избраа петтиот претседател“, рече Кирацовски и додаде дека инситутициите покажаа […]

Денеска се одржува вториот круг на претседателските избори

5 мај 2019

Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Сиљановска – Давкова и Стево Пендаровски. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, кога не беше остварено потребното мнозинство од 904.066 […]

Анализа: Во вториот круг претседателот ќе го избираат гласачите Албанци

24 април 2019

Првиот круг од претседателските избори во неделата, освен што мина со една од најмалите излезности на изборите и други плебисцитарни форми во самостојна Македонија, донесе и шок за владејачката коалиција. Нивниот кандидат, Стево Пендаровски, оствари речиси микронска предност од својата главна конкурентка за позицијата шеф на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, односно во вториот круг […]

Прв круг со најмала разлика во последните пет избори (инфографик)

22 април 2019

Првиот круг од претседателските избори што се одржа вчера ја има најмалата разлика во гласови меѓу двајцата кандидати на последните пет круга претседателски избори, односно Стево Пендаровски освои само 4.606 гласови повеќе од Гордана Сиљановска – Давкова. Поради тоа, многу се мали и шансите за успешно предвидување на исходот од вториот круг, ако се обидуваме […]

Пендаровски: Политичките одлуки кои ги донесовме влијаеја на резултатот

22 април 2019

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска на прес-конференција истакна дека од исходот на овие избори зависи во која насока државата ќе продолжи. – Многу лесно може да се случи да се вратиме назад во криза, изолација и поништување на се што постигнавме. За тоа се залага мојот политички опонент. Многу лесно може да воскресне режимот на […]

Пендаровски: Поддршката од мнозинството значи дека на 5 мај ќе победи концептот „заедно напред“

21 април 2019

Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, вечерва на прес-конференција истакна дека мнозинската поддршка од граѓаните во првиот изборен круг значи дека концептот „заедно напред“ ќе победи на 5 мај. – Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред. Концептот „заедно напред“ ќе се заокружи на 5 мај. Едвај чекам да се фатам за работа […]

Ахмети: Зa ДУИ е прифатливо претседателот да се избира во Собранието

19 април 2019

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) вчера во интервју за ТВ 21 изјави дека за неговата партија е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. – Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, […]

Страна 23 од 24