fbpx

„Њујорк тајмс“ погрешно ја претстави претседателската кандидатка на опозицијата

-

Во својата, генерално коректна, статија за исходот на претседателските избори во Македонија, весникот „Њујорк тајмс“ објави и неточна информација за тоа како кандидатката на опозицијата воопшто стана претседателски кандидат.

Во текстот „Поддржувачот на промената на името на Северна Македонија стана претседател“, „Њујорк тајмс“ пишува:

„Експертот по уставно право и професор на Правниот факултет во главниот град, Скопје, г-ѓа Сиљановска – Давкова почнае како независен кандидат, но потоа ја прифати поддршката на најголемата конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ“.

Всушност, ВМРО-ДПМНЕ ја избра Сиљановска – Давкова од деветте кандидирани за официјален претседателски кандидат на партијата, и тоа на конвенцијата во Струга на 16 февруари годинава. Таа не ја почна кампањата самостојно, туку во рамките на интерниот процес на политичката партија. Сепак, во обид да привлече гласачи што се надвор од партиската база, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја претстави како „натпартиски кандидат“, односно кандидат со поширока поддршка, која излегува од партиските граници.

Според македонските закони, претседателски кандидат се станува со кандидирање од политичките партии или со 10.000 потписи од граѓани. И опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката СДСМ се решија за втората опција, мобилизирајќи ги членовите да ги дадат своите потписи како граѓани за поддршка на кандидатите избрани од партијата.

Исто така, сите кандидати во претседателската трка не беа формални членови на партија. Но ниту еден од нив не почна со своја кампања, во која потоа би се вклучила партијата.

Претставувајќи ги кандидатите како „во одредена мерка независни“ од партијата што ја води нивната кампања беше главна цел на пропагандата. Главната цел на овој спин е да се привлечат независните или неопределените гласачи. Тоа беше посебно важно за Гордана Сиљановска – Давкова, која мораше да се ослободи од лошата репутација која ВМРО-ДПМНЕ ја стекна во текот на режимот на Никола Груевски, кој сега е во Унгарија, како бегалец од законот.

Како и најголемиот број медиуми во Македонија, „Њујорк тајмс“ исто така заборави да наведе дека сите тројца кандидати се универзитетски професори, вклучително и победникот на изборите Стево Пендаровски, но и третиот кандидат, Блерим Река, кој отпадна во првиот круг.

Кампањата на Сиљановска стави силен нагласок на нејзината универзитетска титула, како дел од тактиката за користење на авторитетот за стекнување поголема популарност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...