fbpx

Пендаровски и Џафери договорија блиска соработка

-

На денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот на Собранието, Талат Џафери, тие договориле тесна координација во корист на граѓаните и на државата, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На средбата Џафери му го честитал стапувањето на функција претседател на државата на Пендаровски, а тие разговарале за тоа сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор за државата, одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Притоа Пендаровски го посочил значењето на Собранието во реализацијата на реформската агенда и на парламентарната димензија во остварувањето на интересите на земјата на меѓународен план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...