fbpx

Пендаровски во убедливо водство по над 60 отсто пребројани гласови

-

Според најновите резултати објавени во 20.40 часот на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), покажуваат убедливо водство на Стево Пендаровски над Гордана Сиљановска – Давкова.

Од обработените 62,47 отсто гласачки ливчиња, јасно е дека кандидатот на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, има околу 50.000 повеќе гласови од Сиљановска – Давкова, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Од обработените гласачки ливчиња до 20.40 часот, Пендаровски има 54,44 отсто, односно 236.396 гласови, а Сиљановска – Давкова 42,08 отсто, односно 182.722 гласови.

Според мапата презентирана на веб-страницата на ДИК, Сиљановска – Давкова има водство според досега преброените гласови во голем дел од источна Македонија, освен во Крива Паланка, Делчево, Берово, Радовиш, Василево, Струмица и Дојран, а води и во Кавадарци, Прилеп, Могила…

Пендаровски има водство во западниот дел на земјава, освен во Охрид, Дебрца, Македонски Брод, Крушево.

Инаку и порпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција изјави дека од обработени над половина од резултатите, Пендаровски води со над 30.000 гласови.

– Првичните тенденции се задржаа на сигурно, стабилно водство на заедничкиот кандидат Стево Пендаровски. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател – рече Костадинов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...