fbpx

Пендаровски: Политичките одлуки кои ги донесовме влијаеја на резултатот

-

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска на прес-конференција истакна дека од исходот на овие избори зависи во која насока државата ќе продолжи.

– Многу лесно може да се случи да се вратиме назад во криза, изолација и поништување на се што постигнавме. За тоа се залага мојот политички опонент. Многу лесно може да воскресне режимот на Груевски кој се уште живее во партијата преку Мицковски.Би сакал исто така да им се обратам директно на оние граѓани кои гласаа за господинот Блерим Река. Од вас ја очекувам поддршката во вториот круг и ве повикувам масовно да излезете на гласање. Знам дека и вие ја поддржувате мојата визија за европска и интегрирана Македонија, наспроти ревизијата на се што постигнавме и блокадите кои ги најавува Сиљановска. Ве повикувам да гласате по свое убедување онака како што верувате дека е правилно – рече Пендаровски.

Тој додаде дека политичките одлуки кои ги преземале од 2016 година наваму влијаеле на изборниот резултат.

– Не сум изненаден, анкетите што се правеа во изминатиот период покажуваа отприлика вакви тенденции – нагласи Пендаровски, додавајќи дека на резултатите влијаеле и направените, како што рече, тешки одлуки и компромиси, како што се договорите со Грција и со Бугарија и Законот за јазици.

Тој, како што вели, ги разбира и граѓаните кои решиле да не излезат на гласање и на тој начин да ја пратат пораката.

– Верувам дека пораката од страна на политичарите е примена – додаде Пендаровски.

Тој упати апел дека на 5 мај е потребна максимална излезност на изборите и поддршка за концептот кој ја води оваа земја напред, за како што вели, „да се избегнат нови поделби, нови блокади и застој на патот кон ЕУ“.

Според Државната изборна комисија, Пендаровски освои 323.846 гласа или 42,85 проценти од вкупниот број гласови, наспроти 319.240 гласа или 42,24 проценти од гласовите дадени за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска – Давкова

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...