Прв круг со најмала разлика во последните пет избори (инфографик)

-

Првиот круг од претседателските избори што се одржа вчера ја има најмалата разлика во гласови меѓу двајцата кандидати на последните пет круга претседателски избори, односно Стево Пендаровски освои само 4.606 гласови повеќе од Гордана Сиљановска – Давкова. Поради тоа, многу се мали и шансите за успешно предвидување на исходот од вториот круг, ако се обидуваме да правиме споредба со претходните избори.

Во претходните три циклуси на избори на претседател на државата како по правило кандидатот со повеќе гласови во првиот круг, победувал на изборите во вториот круг. На изборите во 2014 година, Ѓорге Иванов во првиот круг освои 123.278 гласови повеќе од својот ривал и актуелен претендент за функцијата шеф на државата, Стево Пендаровски, а потоа во вториот круг ја задржа големата предност и победи со 136.833 гласа разлика.

Слична беше и ситуацијата на изборите во 2009 година, кога со отприлика исти разлики, Иванов го победи противкандидатот Љубомир Фрчкоски и го освои првиот претседателски кандидат.

Убедливо водство на конечниот победник на претседателските избори и во првиот и во вториот круг имаше на гласањето во 2004 година, кога Бранко Црвенковски на својот противник Сашко Кедев му водеше со 76.215 гласа во првиот круг и со 221.138 гласа во вториот, што е најголемата разлика во изборните циклуси што ги разгледуваме.

Но не беше така на претседателските избори во 1999 година, кога се случи најголемото изненадување. Имено, во првиот круг водеше Тито Петковски, кандидат на СДСМ, со 343.606 гласа наспроти Борис Трајковски, со 219.098 гласа, односно водството изнесуваше 124.508 гласа. Но работите целосно се сменија во вториот круг, кога Трајковски ја однесе победата со 591.972 гласа, односно 77.373 гласови повеќе од противкандидатот.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...