fbpx

Трибина: Како идниот претседател може да влијае врз решавањето на проблемот со загадувањетo

-

Граѓанското здружение „О2 Иницијатива“, организира трибина „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“, која ќе се одржи во недела (14 април) во Јавна соба со почеток во 15.30 часот.

На трибината ќе учествуваат тројцата претседателски кандидати Гордана Силјановска Давкова, Блерим Река и Стево Пендаровски.

„Во пресрет на претседателските избори, имајќи ја предвид сериозната состојба со загадувањето и масовна и сеопфатна деградација и уништување на животната средина и на еколошките потенцијали во нашата земја, каде само поради аерозагадувањето имаме огромен број на човечки жртви, сметавме дека претседателот во доменот на своите ингеренции може, треба и е неопходно да влијае врз решавањето на овој огромен проблем“, велат од „О2 Иницијатива“.

На трибината ќе се разгледува одбраната на националните интереси, заштита и унапредување на животот и на здравјето на граѓаните и заштита и унапредување на животната средина, во 21от век, одлуката на претседателот да предложи вонредна состојба при големи природни непогоди, кои се во сè поголеми размери и позачестени како резултат на климатските промени, начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба, како поддршка на полицијата, шумската полиција и др, Советот за безбедност, каде претседателот именува тројца членови и заседава, поставување на прашањето на деградација и уништувањето на животната средина и на еколошките потенцијали, природните непогоди, индустриските несреќи од поголем обем, како закани и ризици по националната безбедност.

Тројцата претседателски кандидати ќе имаат можност да ги изложат своите ставови, видувања по овие прашања.

Претставници од граѓанскиот сектор кој делува во еко-сферата ќе бидат присутни во публика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...