fbpx

Светска банка ќе одобри 420 милиони долари за инфраструктурни проекти и вложување во човечки капитал

-

Бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на Република Северна Македонија и се ставаат на располагање 420 милиони долари, информираат од Министерство за финансии.

Тие се наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал.

– Ние очекуваме дека следниот месец, Светска банка на својот Борд ќе ја одобри стратегијата за соработка со нашата земја, со Северна Македонија за следниот период, каде што ќе бидат обезбедени 420 милиони долари со кои што ќе се финансира изградба на локални патишта, но и на различни начини ќе се вложува во подобрување на човечкиот капитал во нашата земја. Со тоа ќе се обезбеди подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија – рече министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка.

Во рамки на овие проекти спаѓа Проектот за олеснување на трговија и транспорт за Западен Балкан во вредност од 26 милиони. Исто така, тука е проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта во вредност од 70 милиони евра. Стратегијата го опфаќа и проектот за реформи во земјоделието за развизвање на дистрибутивни откупни центри, како и проекти за поддршка на реформи за развој на образованието и здравството и проектот за пензиска реформа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...