fbpx

Анкета: Пендаровски го зголемил водството на 3,7 отсто пред Сиљановска

-

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме, од претходната анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени.

Ова го покажаа резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на Телевизија „Телма“.

Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11% од испитаниците, што е речиси идентична со таа од претходната анкета во средината на минатиот месец.

Гордана Сиљановска-Давкова има поголема поддршка кај е етничките Македонците (32,6%) за разлика од Стево Пендаровски (28,6%). Пендаровски пак има поголема поддршка кај етничките Албанци (20,5%) отколку Сиљановска-Давкова (0,4%). Поддршката за Пендаровски кај етничките Албанци е поголема за 5,3 отсто во однос на претходната анкета. Најголем дел од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за кандидатот Блерим Река (41,6%).

И во оваа анкета, како и во претходната, мнозинство од испитаниците (68,1%) рекле дека ќе излезат, а нешто помалку од една четвртина (22,5%) рекле дека нема да излезат на изборите.

Споредено со претходната анкета, пораснал процентот на оние што сигурно ќе излезат на избори од 37,2% на сегашните 41,8%, а малку се намалил процентот на оние кои сигурно нема да излезат на изборите од претходните 20,4% на сегашните 18,3%.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...