fbpx

На „Србија данас“ и фали едно „и“ за Пендаровски и албанските гласови

-

Антизападниот српски онлајн медиум „Србија Данас“ вчера објави текст за резултатите од вториот круг на претседателски избори во Македонија, кој не е ништо друго туку – ред шпекулации и клевети, а ред ветер во магла.

Текстот, полн со шпекулаци и клевети, претставува и директен атак врз новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски.

Во текстот се вели дека Пендаровски победил благодарение на гласовите на Албанците, што е не е вистина, и фали само едно клучно „и“: Пендаровски победи благодарение „И“ на гласовите на Албанците.

Потоа „Србија Данас“ почнува со серијата шпекулации и клевети – дека сега Албанците имаат „и премиер и шеф на парламент и претседател на државата“ и ја презеле цела Северна Македонија. Дополнително, на Пендаровски му се припишува за грев и тоа што прогласувајќи победа во неделата вечерта рекол „благодарам“ и на албански.

Како „потврда“ на тврдењата се изнесуваат и обвинувања од претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, дека „25 отсто Албанци сега управуваат со целата држава“.

Но, да ги одбележиме добро познатите факти.

Македонија е демократија во која, според проценките на домашните и странските набљудувачи изборите беа фер и демократски и на нив е избран нов шеф на државата. Секако и со албански гласови, но тоа не го прави Стево Пендаровски иден претседател што ќе се залага само за интересите на Албанците. Тој јасно кажа дека ќе биде претседател на сите граѓани.

Прв човек на македонското Собрание е Талат Џафери кој беше избран во Собранието, и покрај обидите на губитниците на последните парламентарни избори, сегашната опозиција, да го опструира изборот. Неговиот избор беше поздравен од меѓународниот фактор.

Третиот дел од „албанското тројство“ (Пендаровски – Џафери – Заев) е на таа функција од 1 јуни 2017 година и останува необјаснето како влегол во шемата на „Србија Данас“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...