Таг: СЗО
таг: СЗО
Израел бомбардира телекомуникациски мрежи во Газа, нема интернет и можности за комуникација
Најголемиот телекомуникациски сервис во Газа, Палтел, вчера соопшти дека поради бомбардирањето на Израел на клучни точки на нивната мрежа се прекинати сите конекции со надворешниот свет, известува Гардијан.
Дописникот на Би-би-си во Газа, со многу тешкотии, искомуницирал со Лондон и потврдил дека навистина нема интернет и дека Палестинците не можат да комуницираат меѓусебно преку телекомуникациските мрежи.
Поради сето ова, тешко се...
Обединетите нации не ја декриминализираат педофилијата
Во објавата е споделен текст што изобилува со невистини, манипулации и цитати намерно извадени од контекст. Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, за странски проверувачи на факти изјавил дека ОН не бараат декриминализација на сексот со деца, ниту пак, повикуваат на укинување на возраста за согласност. ОН се решителни во борбата против сексуалната експлоатација на децата, сметаат дека сексуалната...
Ханс Клуге: С. Македонија успешно го унапреди примарното здравство
С. Македонија вложи многу труд да го подобри третманот на незаразните болести и овозможи матичните лекари да ја препишуваат хроничната терапија. Вашата држава е успешен пример кога станува збор за унапредувањето на примарната здравствена заштита.
Ова денеска го изјави д-р Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа, на сесијата на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, кој се одржува од...
Генетиката се користи за спречување или лекување болести, не за нивно поттикнување
Наспроти изнесеното во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту, пак, доставува докази, туку е какофонија од различни теории на заговор, кои имаат за цел да предизвикаат сомнеж во традиционалната медицина и нејзиниот развој кој носи здравствен бенефит, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме објава на социјалната мрежа...
Нема линк меѓу ХААРП програмата, коронавирусот, вакцините и климатските промени
Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето. Нема докази дека вакцините предизвикуваат смрт. Тврдењето дека климатските промени не постојат, дека се вештачки...
СЗО го опиша аспартамот како можен причинител за рак
Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), Светската здравствена организација (СЗО) и Заедничкиот експертски комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храната (JECFA), објавија проценка на влијанието на здравјето на засладувачот аспартам. Аспартамот кој се користи во низа производи, од диетални газирани пијалоци, до гуми за џвакање, овој месец ќе биде прв пат опишан како „можен канцероген за луѓето“, пренесе...
СЗО: Половина од македонските граѓани пушат во просек по 18 цигари на ден
Најновите истражувања, кои беа презентирани денеска, повторно го потврдија фактот дека С. Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на Светската здравствена организација. Речиси половина од возрасната популација пуши редовно цигари, а 70 отсто од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден...
Светски ден на здравјето: 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат за неколку години
За неколку години, 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат. Се соочуваме со кризна состојба во иднина, па затоа треба да ги подобриме условите за здравствените работници, да им се зголемат платите, условите за работа. Оти ако не им се допаѓаат условите, тие си заминуваат и тоа во Северна Македонија се случува. Освен тоа, 70 отсто од пациентите...
Змијата во логото на СЗО нема поврзаност со христијанството
На оваа објава ѝ недостасува соодветен контекст, па како таква врши манипулација на корисниците на социјалните мрежи и ги наведува да донесат погрешен заклучок. Змијата, иако во дел од христијанските верувања е симбол за нешто лошо, сепак во логото на СЗО е поради поинаква причина. Амблемот на СЗО бил избран од страна на Првото Светско здравствено собрание во 1948...
Во Пекинг пациенти болни од ковид примаат кислород во ходници зашто нема кревети
На носилки во болничките ходници лежат пациенти, главно повозрасни, или земаат кислород додека седат во инвалидски колички, бидејќи ковид-19 зема замав и ги намали ресурсите на јавните здравствени установи во главниот град на Кина, Пекинг, јавува Асошиејтед прес.
Болницата Чуијанглиу на истокот на градот, во четвртокот беше преполна со пациенти. Нема слободни болнички кревети, а амбулантните возила продолжиле да носат...
Научните испитувања за вируси и бактерии не се најава за идна пандемија
Тоа што науката се фокусира на спречување на некои можни пандемии кои никој не знае дали ќе се случат, никако не претставува најава за идна пандемија, а уште помалку планирана пандемија односно „пландемија“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме. За да се создаде успешен одговор на евентуална идна пандемија, научниците од СЗО уште отсега создаваат...
Нема докази дека вакцината против ковид го уништува здравјето
Во оваа објава доминираат шпекулативните наративи, непоткрепени со конкретни факти и со статистички податоци. За сметка на тоа, презентирани се субјективни перцепции кои се искористени да се искреира тезата дека после вакцинацијата има некаква промена во степенот на разболување кај населението, односно генерално влошување на здравствената состојба. Наспроти изнесеното во постот, Светската здравствена организација посочува дека вакцините не го...
Јадеме два пати повеќе сол од препорачаната доза од СЗО
Населението во земајва внесува најмалку два пати повеќе сол во споредба со она што го препорачува СЗО. Внесот на сол преку белиот леб е карактеристичен поради тоа што тој леб преовладува во исхраната на нашето население и се покажа дека количините на сол во тој леб се меѓу повисоките, дури и во светски рамки. Денес беше презентирана нацрт Програмата...
Никогаш не биле забранети обдукции на починати од ковид
Факт е дека Светската здравствена организација никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие да се прават со голема внимателност. Директорот на Институтот за судска медицина во екот...
Од утре започнува караван за вакцинација, граѓаните ќе може да се вакцинираат на лице место
Од утре, Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација ќе го започне караванот за информирање и вакцинација, информираат во министерството. Предвидено е да се посетат 24 заедници низ земјата, под слоганот „Заедно заштитени - вакцините делуваат“.
„Караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за...
Постковид симптомите се реални и не се последица на вакцините и „запрашувањето“ со авиони
Постот ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините против ковид, ниту, пак, со авионите и „кемтрејлс“ теориите на заговор, туку се последица на самиот коронавирус. Овие здравствени состојби се документирани со бројни случаи ширум...
Лага е дека вакцините против ковид-19 се штетни за трудниците и за плодот
Лажните тврдења дека вакцините против ковид-19 се штетни за бремените жени и нивните бебиња не се нови и тие се провлекуваат за време на целата пандемија на коронавирусот, заедно со другите теории на заговор поврзани со вирусот и вакцините. Научните и медицинските факти покажуваат дека вакцинацијата е единствената опција со која може да се минимизираат здравствените ризици, особено кај...
СЗО апелира да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните
Светската здравствена организација (СЗО) упати апел до јавноста да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните, откако се дозна за случаи на најмалку седум мајмуни во Бразил што умреле откако биле отруени или повредени среде епидемијата на мајмунски сипаници, пренесе Ен-Би-Си Њуз.
„Тоа што луѓето треба да го разберат е дека пренесувањето се случува помеѓу луѓе“, порача портпаролката на СЗО др....
Вистиномер: Пандемијата на ковид-19 е реална и постои, не ја измислуваат медиумите
Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од коронавирусот, кој пак, е...
Вистиномер: Не е точно дека директорот на СЗО е уапсен за злодела против човештвото
Не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот објавува сатирични содржини, пишува Вистиномер.мк.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се...