fbpx

Змијата во логото на СЗО нема поврзаност со христијанството

-

На оваа објава ѝ недостасува соодветен контекст, па како таква врши манипулација на корисниците на социјалните мрежи и ги наведува да донесат погрешен заклучок. Змијата, иако во дел од христијанските верувања е симбол за нешто лошо, сепак во логото на СЗО е поради поинаква причина. Амблемот на СЗО бил избран од страна на Првото Светско здравствено собрание во 1948 година. Стапот, со змија обвиткана околу него, долго време е симбол на медицината и лекарската професија. Потекнува од приказната за Асклепиј, кој античките Грци го почитувале како бог на медицината и син на Аполо кој бил богот на оздравувањето, вистината и пророштвото, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Објава  на Фејсбук тврди дека Светската здравствена организација (СЗО) не се грижи за здравјето на луѓето, а тоа тврдење го базира на змијата којашто се наоѓа во нивното лого, што преставува недостаток на соодветен контекст и манипулација.

Во постот пишува:

Chisto informativno da znaete koj se ‘grizhe’ za vasheto ‘zdravje’!

На Фесјбук објавата прикачена е фотографијата од логото на СЗО, а во неа е додаден текст кој се вели:

Во христијанската традиција, „дрвената змија“ најчесто се идентификува со змијата од Битие и како САТАНА! Што значи Божји противник!

Притоа зборот во името на организацијата „health” што значи „здравје“, е пречкртан и е напишано е „sick”, што значи болно.

Целата оваа теорија дека СЗО не се грижи навистина за здравјето, туку напротив има скриени агенди и намери, се базира на змијата којашто е дел од нивното лого.

Но, змијата, иако навистина во дел од христијанските верувања е симбол за нешто лошо, сепак во логото на СЗО е поради поинаква причина.

Амблемот на СЗО бил избран од страна на Првото Светско здравствено собрание во 1948 година.

Стапот, со змија обвиткана околу него, долго време е симбол на медицината и лекарската професија. Потекнува од приказната за Асклепиј, кој античките Грци го почитувале како бог на медицината и син на Аполо, кој бил богот на оздравувањето, вистината и пророштвото. Асклепиј, бил толку успешен во спасувањето животи што, според легендата, Ад, богот на подземјето, се пожалил за него кај врховниот бог Зевс, кој, плашејќи се дека исцелителот би можел да ги направи луѓето бесмртни, го убил Асклепиј со гром.

Асклепиј често е прикажуван како средовечен маж, во долга туника како држи голем стап со змија завиткана околу него. Постојат две теории зад поврзаноста на Асклепиј со змиите. Првата е дека Асклепиј исцелил змија од болест или повреда, а во замена, змијата го научила на тајните на медицината. Втората приказна е дека Асклепиј пораснал толку моќен што можел да излечи каснување од змија, една од најфаталните повреди во античкиот свет. Змиите, исто така, се сметале за божествени суштества со лековити способности во античка Грција. Стапот со змијата завиткан околу него останува истакнат симбол на медицината во современиот свет и е дел од логото на Светската здравствена организација (СЗО).

Во старогрчката уметност, Асклепиј бил прикажуван во скулптури, на керамика, во мозаици и на монети. Речиси секогаш тој држи стап со света змија свиткана околу неа.

Според митот, змијата го симболизира каснувањето од змија, кое било најлошиот вид на болест што некој можел да го има во антиката и многу тешко да се излечи. Меѓутоа, Асклепиј имал моќ да излечи дури и каснување од змија.

Змијата е моќен симбол. Во античко време змијата ја гледале и како симбол на здравје и исцелување затоа што таа може да ја фрли и регенерира нејзината кожа. Змијата, исто така, произведувала отрови кои убивале многу паразити во телото. Многу пациенти кои страдале од болести како депресија биле ставени во соби за исцелување храмови во кои имало змии за да ги шокираат од психијатриските заболувања.

Во објавата, освен што погрешно се интерпретира потеклото на змијата, се тврди дека таа има негативно значење во христијанската религија, што е точно. Но, Светската здравствена организација не е организација којашто се грижи за здравјето само на оние кои се дел од христијанството. Напротив, СЗО е агенција на Обединетите нации која ги поврзува нациите, партнерите и луѓето за да го промовира здравјето, да го одржуваат светот безбеден и да им служи на ранливите – за секој, секаде да може да постигне највисоко ниво на здравје.

СЗО работи со 194 земји-членки низ 6 региони: Африка, Западен Пацифик, Источен Медитеран, Југо-источна Азија, Европа и Америка. Голем дел на жителите на овие земји имаат религија којашто не е христијанството.

Поради сите наведени факти, оценуваме дека на оваа објава ѝ недостасува соодветен контекст и притоа врши манипулација на корисниците на социјалните мрежи и ги наведува да донесат заклучок што не е вистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...