Јадеме два пати повеќе сол од препорачаната доза од СЗО

-

Населението во земајва внесува најмалку два пати повеќе сол во споредба со она што го препорачува СЗО. Внесот на сол преку белиот леб е карактеристичен поради тоа што тој леб преовладува во исхраната на нашето население и се покажа дека количините на сол во тој леб се меѓу повисоките, дури и во светски рамки. Денес беше презентирана нацрт Програмата со акциски план за намалување на внесот на сол преку исхраната во Северна Македонија (2023-2027). По обраќањата на министерот за здравство, Беким Сали, како и д-р Ане Јохансен, специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија, беше дискутирано и за следните приоритетни чекори за спроведување на програмата.

Програмата со акциски план за намалување за внесот на сол преку исхраната во Северна Македонија (2023-2027), ја презентираше д-р Игор Спироски од Институтот за јавно здравје.

„Прекумерниот внес на сол во организмот има штетно влијание врз човековото здравје. Целта преку програмата, постепено да се намалува внесот на сол преку исхраната кај населението во Северна Македонија за 4 отсто годишно, односно за 20 отсто до 2027 година. Или, од просечните 11,5 грама дневно за последните 5 години, на 9,2 дневно“, беше речено на презентацијата.

На човекот му се потребни мали количества на натриум за регулирање на телесните течности и да ги одржува клучните телесни функции.

„Солта е важен зачин и најзначајниот извор на натриум. Еден грам сол содржи 0,4 грама натриум. Високо преработената храна со големи количества на сол, шеќер и масти има растечко влијание врз внесот на сол, односно 75 до 80 отсто од солта во исхраната влегува преку преработената храна. Ако се намали внесот на сол, тоа може значајно да влијае врз намалување на морбидитетот и морталитетот“, рече д-р Спироски.

На листата на просечен популациски внес на сол во државите на Европскиот регион на СЗО, од вкуно 53 земји, ние сме на високото седмо место.

Она што е потребно да се направи, беше речено на настанот, е дека мора да се регулират највисоките нивоа на сол во лебот, да се дефинираат највисоки нивоа во други преработени производи, да се соработува со услужната дејност заради поголема видливост на „скриената“ сол, како и да се промовираат компании со зголемена свесност за внес на сол во рамки на законска регулатива (нутритивни и здравствени
тврдења).

Високи количества сол има во лебот, сирењето и во месните преработки. Јадењето премногу сол го покачува крвниот притисок, кој е глаевн предизвикувач на мозочни и срцеви удари кои се причина за најголем број умирања и инвалидитет во светот. Намалувањето на внесот на сол во светски рамки би спасило милиони животи секоја година и сите земји би требало да работат во насока на намалување на внесот на сол.

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс. Оваа...

„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради...