fbpx

Бројот на умрени летово намален за над 2.000 лица во споредба со лани [инфографик]

-

Значително намалување на бројот на починати лица во Македонија е забележано во третиот квартал од 2022 година. Од јули до септември, во земјава умреле 5.145 лица, што е за дури 2.088 лица помалку во споредба со третото тримесечје од 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Притоа, треба да се забележи фактот дека опаѓањето на бројот на умрени летово доаѓа токму во период кога имаше стишување на ковид-19 пандемијата, изразена преку намален број на новозаболени лица и на регистрирани починати пациенти.

Статистичките податоци покажуваат дека ланското лето во земјава имало негативен природен прираст од -2.123 лица, којшто се зголемил на -2.244 во четвртиот квартал, а достигнал своевидна кулминација од -3.418 во првите три месеци од 2022 година. Природниот прираст се смета за негативен ако бројот на починати лица е поголем од бројот на живородените деца.

Сепак, по фрапантниот негативен природен прираст што беше забележан во Македонија за време на ковид-19 пандемијата, годинава има намалување на бројот на умрени. Веќе во вториот квартал од годинава, негативниот природен прираст изнесувал -381, додека изминатово лето е регистриран природен прираст -189.

Изразено во проценти, бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 28,9 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година. Од вкупниот број на починати, 12 се умрени доенчиња.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година, живородени се 4.956 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3 отсто.

Во третото тримесечје од годината склучени се 4.614 бракови и нивниот број е намален за 5,1 отсто во споредба со истиот период од 2021 година. За третото тримесечје од 2022 година се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„МакеДокс“ во потрага по млади за учество во петтата генерација на „Доникулци“

Сите млади на возраст од 14 до 18 години имаат рок до 15 јуни да се пријават за учество во петтата генерација на „Доникулци“, односно да бидат дел од...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Premium WordPress Themes Download
udemy course download free
download lava firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy free download