fbpx

Никогаш не биле забранети обдукции на починати од ковид

-

Факт е дека Светската здравствена организација никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие да се прават со голема внимателност. Директорот на Институтот за судска медицина во екот на пандемијата, во април 2021 гоодина, во изјава за „Вистиномер“ кажа дека обдукциите на пациенти починати од ковид не се забранети, но не се препорачливи таму каде што нема услови за нив, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека обдукциите на починатите од ковид-19 за време на пандемијата, биле забранети. Ова не е точно.

Зошто беа забранети обдукциите на починатите од ковид-19 за време на пандемијата?!, пишува во постот.

Вистиномер досега неколкупати има дебанкирано вакви и слични дезинформации. Факт е дека Светската здравствена организација (СЗО) никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Напротив, за време на пандемијата, обдукции се правеа секаде каде што за тоа имаше потреба. Обдукции беа направени во Германија, Италија, Русија  и Србија.

Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие обдукции да се прават со голема внимателност.

Директорот на Институот за судска медицина, доктор Александар Станков, во екот на пандемијата, во април 2021 гоодина, во изјава за „Вистиномер“ рече дека обдукциите на пациенти починати од ковид не се забранети, но не се препорачливи таму каде што нема услови за нив. Сепак, како што потврди тој, во Македонија биле извршени обдукции врз пациенти починати од ковид, и тоа зашто за тоа имало индикација за судско медицинска обдукција.

До јануари 2021 година имало 13 обдукции на лица кои имале ковид, а кај шестмина од нив, причината за смртта бил директно самиот вирус. Меѓу другите случаи, имало лица кои починале во сообраќајни незгоди или, пак, извршиле самоубиство.

Имајќи го предвид сето ова, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...