четврток, 13 август, 2026
Meta.mk

Ознака: несреќа | 221 резултати

Јамата во која загина работник не била заштитена од лизгање на земјиштето

април 27, 2026

Забраната ќе трае сѐ до отстранување на причините за несреќата, односно додека не се обезбедат сите мерки за заштита на работниците во понатамошното изведување на градежните работи, информираат од Инспекторатот за труд

Обвинителството испитува дали биле почитувани мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода

април 24, 2026

Тројца повредени работници се примени на Ургентен, еден е со скршеници на нозете, други двајца се со полесни повреди. Имаат нагмеченци, повреда на лактот, информира д-р Мерџановски

Предлог за притвор за 21 годишник кој пијан и без возачка дозвола смртно прегази пешак во Марино

март 26, 2026

Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал, инфомрираат во Обвинителството

Млади во Србија пешачат кон Нови Сад за да одбележат една година од падот на настрешницата во кој загинаа 16 луѓе

октомври 31, 2025

Илјадници претежно млади луѓе во Србија започнаа дводневен марш од Белград со цел да се приклучат на голем собир во Нови Сад овој викенд, со кој ќе се одбележи годишнината од смртоносната катастрофа на железничката станица. Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уби 16 лица на 1 ноември минатата година, а трагедијата […]

Полицијата го уапси возачот кој удри дете и побегна

октомври 31, 2025

Полицијата го уапси возачот кој удри 11 годишно дете и побегна. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р. (59) од Скопје. Тој пред три дена на улицата „Перо Наков“ со возило удрил детето и го напуштил местото на настанот. Во несреќата […]

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

октомври 29, 2025

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 2 одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и […]

Најмалку петнаесет загинати во несреќата којашто се случи на жичница во Лисабон

септември 4, 2025

Најмалку 15 лица загинаа, а 18 други беа повредени, од кои пет критично, кога популарна жичница во Лисабон излета од шините и се урна, според Министерството за здравство на Португалија, пренесува Њујорк Тајмс. Жичницата, Елевадор да Глорија, се искачува по стрмен рид од плоштадот Рестаурадорес и Авенида да Либердаде за да стигне до панорамски поглед […]

Најмалку 15 лица загинаа во несреќа на градската жичница „Глорија“ во Лисабон

септември 4, 2025

Најмалку 15 лица загинаа, а 18 беа повредени кога вагон на градската жичница „Глорија“ во Лисабон, една од најпопуларните туристички атракции и симболи на градот, излета од шините и се урна, изјави портпаролот на службата за итна медицинска помош. Властите не ги идентификуваа жртвите ниту ги открија нивните националности, но рекоа дека меѓу загинатите има […]

Две малолетнички од кичевско загинале во несреќа со четирицикл

август 22, 2025

На локален пат во село Колибари, кичевско, 15 годишна малолетничка од селото, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот, а од здобиените повреди на местото на несреќата починале и таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница, информираат во Министерството за внатрешни работи. „Лекар констатирал смрт, а по […]

79 Авганистанци депортирани од Иран ноќеска загинаа во автобуска несреќа

август 20, 2025

Во сообраќајна несреќа во западен Авганистан загинаа 79 лица, вклучително и 17 деца, кои биле во автобус што превезувал Авганистанци депортирани од Иран, пренесува „Би-Би-Си“. Автобусот, на пат кон Кабул, се запалил ноќеска откако се судрил со камион и мотоцикл во провинцијата Херат. Сите патници во автобусот загинале, како и две лица од другите возила, […]

Академскиот пленум ги осуди изјавите на Брнабиќ дека трагедијата на железничката станица во Нови Сад е планирана саботажа

август 18, 2025

Академскиот пленум ги осуди изјавите на претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, во кои таа ја опиша трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, како планирана саботажа. Ваквите тврдења, посочуваат од Пленумот, се изнесени без ниту еден доказ и претставуваат јавно заплашување и ширење паника, заради што го повикаа […]

Пијан жител на Трубарево удрил во автомобил во кој имало две бебиња, Обвинителството му забрани да го напушта домот

август 10, 2025

Против 57 годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат во Обвинителството, на 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со измината […]

Тетовка измамена за 20.000 евра, ја излажале дека ќерка ѝ била прегазена на пешачки премин

август 8, 2025

Седумдесет и шест годишна од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. […]

Спасен параглајдерист што висел на дрво високо 30 метри

август 7, 2025

Спасен е параглајдерист кој синоќа доживеал несреќа при лет во близина на Крушево и останал заглавен во дрво високо 30 метри. Тој удрил во дрвото, се здобил со повреди и не бил во можност самиот да се извлече. Параглајдеристот, странски државјанин, бил симнат од страна на тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита […]

19 годишник го загуби животот на Халкидики

јуни 26, 2025

19 годишно момче од Македонија го загубило животот на Халкидики, потврдија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „До македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19 годишен државјанин на Република Северна Македонија. Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со […]

Страна 1 од 11