Во Бугарија се поставува прашањето за сигурноста на патниот правец и поставените знаци на патот

-

По вчерашната автобуска несреќа во близина на бугарскиот град Перник, експерти и искусни возачи коишто ја користат делницата на автопатот „Струма“ поставуваат многу прашања за сообраќајната безбедност и знаците на патот.

Димитар Илиев, експерт по патна безбедност за bTV Novinite, утрово ја анализираше патната делница. Тој рече дека е многу важно да се поставиме на местото на возачот на автобусот и што тој во моментите пред сообраќајната несреќа гледал на патот. Според него, сите го гледаат само место на несреќата, додека Илиев вели дека треба да се погледне конфигурацијата на патот и пред локацијата каде што се случи несреќата.

На 500 метри пред локацијата на несреќата, на автопатот има знак за ограничување на брзината на движење на автобусот од 120 километри на час, раскажува Илиев.

Во емисијата, тој додава дека на точно 500 метри пред местото на инцидентот не се гледа знак што ги информира возачите дека следи зона за одмор, на која што всушност се случила сообраќајната несреќа. Во анализата на Димитар Илиев, направена врз основа на снимки од Гугл Мапс на самиот автопат, тој вели дека пред самата локација за одмор имало едиствено сообраќаен знак за вињети, но не и информација дека следи одвојување од патот за сопирање на возилата.

Пред самото место на случување на сообраќајната несреќа, има „слаби остатоци од двојна полна линија“, анализира Илиев. При дожд и во ноќните часови, таа линија е прашање колкав светлечки знак испраќала до возачот.

Крум Дончев, четирикратен рели шампион на Бугарија, во истата емисија дава критика за сообраќајните ознаки на патот на лице место каде што се случија автобуската несреќа.

„Во последниот момент човекот (н.з. возачот) видел знак за чешма и некакво разгранување, има колебање дали да оди лево или десно. Јавно пред него се покажува уште еден знак, којшто сепак е поставен неправилно, поставен е многу високо, а згора на тоа има поставено и налепница за реклама“, вели Дончев.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...