fbpx

Соработник на Путин загинал во мистериозна несреќа со брод

-

Извршниот директор на руската корпорација за развој на Далечниот Исток и Арктикот, Иван Печорин, починал во чудни околности, паѓајќи од брод во движење, само неколку дена откако присуствуваше на економски форум со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Си-ен-ен.

Смртта на Иван Печорин е потврдена од Корпорацијата, каде што тој работел како директор за авијација и бил задолжен за развој на авијациската пристапност на Далечниот Исток преку модернизирање на аеродромската инфраструктура и изградба на нови писти.

„На 12 септември дознавме за трагичната смрт на нашиот колега“, стои во кратката изјава на корпорацијата во која се навадува дека тоа е „ненадоместлива загуба“. Во соопштението нема детали за околностите на смртта, но според пишувањето на локалните медиуми, официјалните власти на Владивосток информирале дека Печорин починал на 10 септември, откако паднал од брод во близина на островот Руски. Потрагата траела два дена пред телото на Печорин да биде пронајдено исфрлено на брегот.

На почетокот на оваа година, компанијата зазеде невообичаен јавен став да зборува против руската војна во Украина, повикувајќи на сочувство за жртвите и за крај на конфликтот.

Печорин загина само неколку месеци откако Игор Носов, директорот на корпорацијата, почина на 43-годишна возраст. Руските медиуми тогаш објавија дека тој починал од мозочен удар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...