fbpx

По барање на семејствата на загинатите поворката низ Скопје е откажана

-

Денес посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе пристигнат со два воено-транспортни авиони.

Поворката која требаше да помине низ главниот град е откажана по барање на семејствата на загинатите со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва.

Сепак, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит со положување цвеќе на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Вчера, директорот на Националната истражна служба на Бугарија, Борислав Сарафов соопшти дека се идентификувани сите 45 загинати жртви на автобуската несреќа на возилото на „Беса Транс“, кое изгоре во пожар по 2 часот ноќта на 23 ноември на автопатот „Струма“ кај селото Боснек, близу Перник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...