fbpx
Таг: казни

таг: казни

МВР: 379 возачи вчера биле санкционирани во Скопје, 101 ја пречекориле брзината

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (16 септември) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени биле вкупно 379 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 101 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 32, 41 санкционирани мотоциклисти, 66 мерки за...

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на ААВМУ во однос на висината...

Се трага по виновникот кој фрлил медицински отпад кај салата „Борис Трајковски“

Во текот на акциите во текот на викендот, екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ вршеле проверки за непрописно фрлање отпад, при што во контејнер за ѓубре во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ пронашле незаконски исфрлен медицински отпад, соопшти Град Скопје. Станувало збор за шприцови, а по пронаоѓањето, инспекторите ја повикале специјалната служба на...

ЈП ПОЦ минатата седмица блокирало или кренало со „пајак“ 110 возила (галерија)

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) соопшти дека минатата седмица, во соработка со сообраќајната полиција биле санкционирани 110 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на општина Центар. Притоа „пајаците“ кренале 77 автомобили, а блокатори на тркалата биле поставени на 33 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на...

Изречени казни од 7.000 евра за бесправни тераси и шанкови во Охрид

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување...

Македонското радио и Марјан Цветковски казнети со 2.000 евра за прекршување на изборниот молк

Основниот кривичен суд-Скопје ги прогласи Македонската радио-телевизија, односно првиот програмски сервис на Македонското радио и одговорното лице Марјан Цветковски за виновни за прекршување на изборниот молк. Судот им изрече прекршочни санкции - глоби за ЈРП МРТ МРА 1 во висина од 1.800 евра, како и 200 евра глоба за одговорното лице Марјан Цветковски, се наведува во објавениот Преглед на...

Преполните журки и забави без заштитни маски од викендов го запалија алармот кај институциите

Во дискотеките, клубовите, рестораните, црквите, домашните балкони, тераси и тревници деновиве се организираат забави и разни свечености на кои присуствуваат и по стотици гости. На социјалните мрежи секојдневно се редат фотографии од насмеани и гушнати лица без заштитни маски од дискотеки и кафулиња, како и групи на луѓе како се забавуваат и играат на музика. Сите овие фотографии се...

Фатени 296 граѓани што не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија биле регистрирани 296 прекршоци на мерката за носење лична заштита, односно маска за лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19.

Бројот на заразени од ковид-19 расте, но се намалува казнувањето за неносење маска

Во последните 24 часа, полицијата регистрирала 412 лица кои не носеле заштитна маска, за кои ќе следуваат прекршочни санкции согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Но, и покрај апелите на МВР до...

Пламенка Бојчева: Отворени сме за соработка за заштита на слободниот пристап до информациите од јавен карактер

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер завршила речиси 800 предмети заостанати од 2018 и 2019 година и постапувањето по жалбите на барателите на информации тече редовно во рамки на утврдените законски рокови, вели директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева во интервју за „Мета.мк“. Во 2020 година во Агенцијата се пристигнати вкупно 209 жалби по...

Кабелските оператори вчера времено ја исклучија програмата, телевизиите и МИОА со остра реакција

Кабелските оператори вчеравечер околу 18 часот ги исклучија сите телевизиски канали, со исклучок на јавниот сервис - МРТ, за период од околу еден час. Во знак на протест, тие го прекинаа реемитувањето на програмите и на црни екрани ги испишаа нивните барања за промена на владината уредба донесена на 29 мај, но и на измените во Законот за аудио...

МВР за еден ден евидентирал 112 лица што не носат маски, казните се по 20 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) во своите соопштенија почна да објавува статистика и за тоа колку граѓани се затекнати без носење на лична заштита на јавно место. Полицајците само во текот на изминатото деноноќие евидентирале 112 лица кои ја прекршиле оваа владина мерка. Неносењето маска на носот и устата повлекува прекршочна казна во износ од 20 евра, а според...

По 30 април, 20 евра казна за неносење маска на јавни места од затворен тип (инфографик)

Сите граѓани и компании што нема да ја почитуваат владината уредба за задолжително носење лична заштита на јавни места од 30 април ризикуваат да добијат парични казни. Оние кои нема да ги почитуваат мерките за покривање на носот и устата ќе бидат казнети со парична казна во износ од 20 евра. Оние компании кои нема да обезбедат заштитна опрема за...

Нема излегување од дома без маска

Почнувајќи од 22 април 2020 година (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници. Ова е една...

Општина Дебрца мака мачи со дивите депонии

По уредувањето на дивата депонија во местноста „Царо Поле“, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на реката Сатеска, на влезот од село Волино. Просторот кој претставуваше грда слика и на кој беа депонирани поголемо количество на градежен шут, комунален и...

Измамници во Софија се обидуваат да извлечат пари со лажни „решенија“ за казни за паркирање

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова, преку својата Фејсбук-страница денеска извести дека засега непознати измамници се обидувааат да извлечат пари од граѓани со лажни „решенија“ за глоби поради неправилно паркирање. „Решенијата“ се мошне квалитетно направени, изгледаат слично како други официјални документи, а на нив стои дека ги издала администрацијата на Град Софија и имаат дури и печат. На на нив е...

МВР: 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашната ноќ

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашна ноќ. Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, ноќта меѓу 24 и 25 март биле приведени 63 лица во полициска станица, 31 лице биле опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на...

Во изминатите 24 часа, 27 лица не ја испочитувале мерката за самоизолација

„Не се размислува за воведување на кризна состојба во Скопје, по примерот на Дебар и Центар Жупа, сепак тоа е одлука на Владата“, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес-конференција. Тој не ја исклучува можноста за воведување построги мерки во однос на движењето на граѓаните, а воедно и потенцираше дека МВР го зголемил бројот на полициски службеници...

Кривични пријави и парични казни од МВР и ОЈО за лица кои не ги почитувале мерките за самоизолација

Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица, на возраст од 56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Како што соопштуваат од ова ОЈО, обвинетите на 27 и 28 февруари во повеќе наврати за време...

За поминување на црвено 250 евра, повеќето глоби за 50 евра помали

Предлог-законот за безбедност во патиштата, кој предвидува намалување на глобите за сообраќајните прекршоци го помина првото читање во Собрание и се очекува да биде донесен пред прогласување на парламентарните избори, пишува „Порталб.мк“. Граѓаните сè уште плаќаат казни според старата тарифа за сторените прекршоци во сообраќајот, иако законот е во Собрание и се чека да биде донесен. Новите законски измени предвидуваат намалување...