fbpx

Бројот на заразени од ковид-19 расте, но се намалува казнувањето за неносење маска

-

Во последните 24 часа, полицијата регистрирала 412 лица кои не носеле заштитна маска, за кои ќе следуваат прекршочни санкции согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Но, и покрај апелите на МВР до граѓаните, нивните статистички податоци покажуваат дека изминативе денови се намалува бројот на регистрирани прекршувања на оваа мерка. „Мета.мк“ претходно пишуваше дека расте загрижувачкиот број на луѓе што не носат заштитна маска на лицето, а што е важно правило за да се спречи ширењето на корона вирусот. Податоците на МВР покажуваат дека казнувањата на граѓаните, односно регистрираните прекршоци, почнале да се намалуваат во втората половина на јуни.

Наспроти ова, бројката на регистрирани новозаболени лица од ковид-19 секојдневно расте во нашата земја, а заедно со нив, се зголемува и бројот на починати лица од оваа болест. Загрижувачка е состојбата со бројката на активни случаи во Скопје, особено во Општина Чаир.

Здравствените власти секојдневно апелираат да се почитуваат мерките за носење заштитна маска, држење дистанца и дезинфекција на рацете. Неодамна американскиот научник Рич Дејвис објави фотографии од експеримент кој покажува колку е важно да се носи заштитна маска. Експериментот покажува дека со носењето маска се спречува респираторните капки да се пренесат во околината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...