ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) соопшти дека минатата седмица, во соработка со сообраќајната полиција биле санкционирани 110 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на општина Центар.

Притоа „пајаците“ кренале 77 автомобили, а блокатори на тркалата биле поставени на 33 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар велат дека постојано ќе ги санкционираат непрописно паркираните возила со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.