fbpx

Кривични пријави и парични казни од МВР и ОЈО за лица кои не ги почитувале мерките за самоизолација

-

Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица, на возраст од 56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од ова ОЈО, обвинетите на 27 и 28 февруари во повеќе наврати за време на епидемија на опасната заразна болест коронавирус – COVID-19 , не постапиле според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразна болест, како и донесените Решенија на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кои се ставаат под здравствен надзор. Мерките им биле определени бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија.

„Обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кои се спроведувале мерките за изолација, пред станбениот објект, каде биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето. Тие со вербална расправија се спротивставиле на службените лица и не ги почитувале предупредувањата“, се вели во соопштението на ОЈО Струмица.

И надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија денеска до Основниот суд – Гевгелија достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело, исто така, според член 206 од Кривичниот законик. Во предлогот обвинителството бара лицата да се огласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби, или вкупна вредност од 123.000,00 денари за двете лица. Тие на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Германија, земја со висок ризик на зараза, на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по оваа одлука и во критичниот период, од 14.03.2020 до 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, па дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово.

И од МВР соопштија дека е поднесена кривична пријава против 53-годишник од кичевско поради „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“
„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(53) од кичевското село Пласница. Тој, на 18.03.2020 во 08.45 часот е забележан како управува со патничко возило „фиат пунто“, на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, по што полициски службеници го сопреле. Утврдено е дека М.З. на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, своерачно потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија, која според Листата од СЗО е зафатена од епидемијата со коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом, во с.Пласница, ќе спроведе задолжителна самоизолација. Но, не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите, Одлуката на Владата и писмената наредба од Министерството за здравство“, стои во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...