Охрид: Како им е на оние што мора да работат и ризикуваат за нам да ни биде полесно

-

Тие не може да работат од дома. Mора секој ден да бидат на своите работни места со цел, животот непречено да тече. Ова е сторија за дел од хероите во нашата држава кои секојдневно ризикуваат, работејќи ја својата работа.

Љупчо Ничевски, еден од возачите на градските линии во Охрид, вели дека во моментов се вози редуцирано, има помала фреквенција на патници, но комуникацијата која што овој превозник ја овозможува не престана.

Љупчо Ничевски

– Ние возачите чувствуваме дека состојбата е сериозна, по значително намалениот број на патници. Со оглед на тоа што ова е една од линиите која обавува и ученички превоз, без децата, знае да биде навистина тивко. Но да се работи мора. Ја имаме целокупната заштита пропишана од страна на надлежните институции и се надеваме дека со почитување на препораките, успешно ќе ја надминеме и оваа криза – вели Ничевски.

Деновиве во Охрид има драстично зголемување на обемот на работа во аптеките. Луѓето стравувајќи за своето здравје, исплашени и во паника на големо купуваат средства за дезинфекција, суплементи и лекови за намалување на телесната температура. А, фармацевтите се на своите работни места, иако во редуциран број, сепак се крајно професионални како и секогаш, за да помогнат и да ги услужат пациентите.

Владо Кукунеш

Условите за работа се доста отежнати во последно време, со оглед на тоа што и ние мораме да се прилагодуваме секојдневно на новата ситуација, вели фармацевтот Владо Кукунеш од аптеки „Зегин“.

– Персоналот е редуциран, а тие што останавме мораме да се соочиме со новонастанатата ситуација, работа под притисок и зголемена фрекфенција на пациенти. Ги имаме сите потребни средства за заштита, маски, ракавици и средства за дезинфекција, сѐ во интерес на нашето и здравјето на граѓаните – објаснува Кукунеш.

Работата, во вакви услови, посебно кога самата налага постојан контакт со луѓе навистина е тешка. Но, доколку се почитуваат препораките, може да се обавува безбедно и успешно, вели Даниела Трајанова од охридски „Жито леб“.

– Имаме заштитни маски, антибактериски гел и останати средства за дезинфекција, а се работи шалтер систем, без влез на муштерии внатре во објектите, со што хигиената е на највисоко ниво, а контактот минимален – објаснува Трајанова.

И не се само овие професии коишто овозможуваат животот непречено да тече. Тука се и здравствените работници, во јавните и приватните здравствени установи, продавачите во маркетите, шалтерските работници во администрацијата и банките кои секојдневно се изложени, а крајно професионално придонесуваат нормално да се одвива животот во охридско-струшкиот регион. На крај, треба да се спомене и работењето на новинарите.

Соња Рилковска

Тие не може да работат од дома. Новинарите мора секој ден да бидат на своите работни места, со цел животот непречено да тече. Состојбата со корона вирусот во светот и земјава ни го промени животот на сите, вели Соња Рилковска – дописник на МРТВ од Струга.

– Нашата професија е особено ризична. Ние мора постојано да ја информираме јавноста за новонастанатата состојба и да бидеме во првите редови. На терен веќе при поздравување меѓусебно не се ракуваме, ниту со колегите, ниту со лицата кои ги снимаме. Држиме растојание еден од друг. Од ризичните подрачја како Дебар и струшките села последните денови изјавите ги земаме телефонски. Се обидуваме максимално да се заштитиме и себе си и своите семејства, а при тоа професионално да одговориме на новинарските задачи – потенцира новинарката Рилковска.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...