fbpx

Преполните журки и забави без заштитни маски од викендов го запалија алармот кај институциите

-

Во дискотеките, клубовите, рестораните, црквите, домашните балкони, тераси и тревници деновиве се организираат забави и разни свечености на кои присуствуваат и по стотици гости. На социјалните мрежи секојдневно се редат фотографии од насмеани и гушнати лица без заштитни маски од дискотеки и кафулиња, како и групи на луѓе како се забавуваат и играат на музика. Сите овие фотографии се проследени со бројни коментари од граѓани, особено од медицински лица, кои го осудуваат ваквото безгрижно однесување додека трае пандемијата со корона вирус и додека Министерството за здравство евидентира секој ден по 100 и повеќе новoзаболени лица.

Основното јавно обвинителство од Прилеп по допрен глас оформи предмет заради организирана забава во клуб во Прилеп, на која биле присутни поголем број посетители. Од ОЈО Прилеп велат дека едно правно и едно физичко лице – одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело – непостапување според здравствените прописи од членот 206 од Кривичниот законик.

Од Државниот пазарен инспекторат тврдат дека по ваквото прекршување во Прилеп, како и констатираните забави со голем број лица по клубови и дискотеки во Струмица и Виница, инспекторите веќе нема да опоменуваат, туку веднаш ќе ставаат пломба на објектите. Пазарните инспектори досега испраќале опомени и давале рок од осум дена за да се поправат грешките, но од вечерва ќе се затвораат сите објекти каде ќе се констатира прекршување на протоколите за работа.

Досега инспекторите подготвиле 40 кривични пријави на кафулиња поради непочитување на мерките и протоколите за заштита.

Еден од овие актуелни примери деновиве е и локалот од Струмица, кој се соочува со кривична одговорност, затоа што за време на изминатиот викенд околу 500 гости без заштитни маски и без држење дистанца, присуствувале на концерт на македонски музичари. Инспекцијата дошла и напишала кривична пријава за констатирани неправилности уште минатиот петок, но сепак, забавата продолжила и во наредните денови. Се очекува МВР да реагира и управителот на струмичкиот локал да одговара за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на пандемија.

Министерот за здравство Венко Филипче веќе изјави дека за секој поголем настан треба да се спроведуваат протоколите, затоа што друга алтернатива би била рестрикција во движењето. Тој вчера побара од надлежните институции, МВР и инспекторатите, да спроведат истраги и да ги санкционираат забавите во повеќе градови за кои се објавени фотографии на социјалните мрежи, а кои се во спротивност со пропишаните здравствени протоколи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...