МВР: 379 возачи вчера биле санкционирани во Скопје, 101 ја пречекориле брзината

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (16 септември) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени биле вкупно 379 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 101 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 32, 41 санкционирани мотоциклисти, 66 мерки за непрописно паркирани возила и 68 возила подигнати со пајак, а изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска.

Како што информираат од МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во текот на наредните денови. Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Засилените полициски контроли започнаа на 15 септември, а покрај во Скопје, тие ќе се одвиваат и во останатите градови низ земјава.

Од МВР потенцираат дека засилените контроли ќе се однесуваат особено за оние прекршоци кои може да предизвикаат сообраќајни несреќи со сериозни последици.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...