fbpx

Во изминатите 24 часа, 27 лица не ја испочитувале мерката за самоизолација

-

„Не се размислува за воведување на кризна состојба во Скопје, по примерот на Дебар и Центар Жупа, сепак тоа е одлука на Владата“, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес-конференција.

Тој не ја исклучува можноста за воведување построги мерки во однос на движењето на граѓаните, а воедно и потенцираше дека МВР го зголемил бројот на полициски службеници кои се на терен и вршат контрола на лицата кои се во изолација и самоизолација.

Во моментов, бројот на лица во самоизолација во Скопје изнесува 1.088, а на ниво на Македонија 3.787 лица. Министерот Чулев изјави дека е извршена контрола за самоизолација на 712 лица во Скопје, и на 3.252 во низ целата држава. Дваесет и седум лица не биле затекнати на местото каде што се вршела контролата.

Во Скопје заклучно денес, изречени се 215 решенија за изолација за здравствен надзор, а на територија на целата држава 349.

Како резултат на извршените контроли поднесени се 39 кривични пријави и едно известување до Основното јавно обвинителство. Овие кривични пријави се однесуваат за 47 сторители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...