fbpx

ДЗС: Лани стапката на невработеност била 17,3 отсто

-

Во минатата година активното население изнесувало 964.014 лица, од кои вработени биле 797.651, а 166.363 лица биле без работа, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Стапката на активност лани изнесувала 57,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност била 17,3 отсто.

Според податоците на ДЗС, стапката на вработеност во 2018 година изнесувала 45,1 отсто, што значи дека за една година вработеноста во државава се зголемила за 2,2 отсто. Додека, невработеноста паднала, од 20,7 отсто во 2018 година, на 17,3 отсто лани, или за 3,4 отсто.

Според последното соопштение на ДЗС, стапката на вработеност во 2019 година била највисока кај лицата на возраст од 25 до 49 години, 67,2 отсто, додека стапката на невработеност била најголема кај возрасната група од 15 до 24 години и таа изнесувала 35,6 отсто.

Од вкупниот број на вработени, 797.651, најголем број од нив, или 614.658, биле во приватен сектор. Како и во претходните статистички извештаи, од вкупно вработените, најмногу работници и лани имало во преработувачката индустрија, 157.831 и во трговијата на големо и мало, 112.624. Најмалку, пак, биле ангажирани во дејности во врска со недвижен имот, 2.093, и во дејности на екстериторијални органи и тела, 1.571 вработен во минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...