fbpx

Струга: Психолошката штета е потешка од онаа од корона вирусот

-

„Доколку не сте имале контакт со некое заразено лице или којшто допатувал од земјите со висок ризик, нема потреба ниту да се тестирате, а уште помалку да правите паника, доволно е да се почитуваат мерките на владата“, вели епидемиологот од Струга Јованка Стурлакова, известува „Порталб.мк“.

Стурлакова, епидемиолог со големо работно искуство во оваа насока, сега се грижи за струшкиот регион. Според неа, овој вирус зависи исклучително од внимателноста или невнимателноста на луѓето и колку тие сериозно ја сфатиле борбата против коронавирусот.

– Нема потреба за паника, луѓето се обземени од коронофобија. Многу граѓани од страв не контактираат и сакаат да се тестираат, што произлегува дека тие за секој најмал симптом помислуваат на вирусот корона. Тоа не треба да е така, бидејќи психолошката штета би можела да биде поголема од штетата која може да ја предизвика вирусот. Ги повикува луѓето да ги почитуваат владините мерки, треба постојано рацете да се дезинфицираат со алкохол, да се носат маски како и да се минимизира излегувањето во јавност – укажува Јованка Стурлакова, епидемиолог.

Директорот на болницата во Струга, Мухамет Асани за „Порталб.мк“ уверува дека оваа болница е подготвена да се соочи со било каква ситуација поврзана со корона вирусот. Тој информираше дека во моментов, од струшкиот регион, се тестираат 6 лица и сите допатувале од држави од Европската Унија, но нема позитивни случаи.

– Апелирам до луѓето што посериозно да го сфатат овој вирус и да не излегуваат во јавни простори, да не се собираат и да се почитуваат сите мерки на владата. Во болницата во Струга немаме респираторен апарат, но пациентите што ќе имаат потреба од такво нешто ќе бидат префрлени во Скопје – истакна Мухамет Асани, директор на болницата во Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...