fbpx

Заболеното дете од корона вирус од Штип е со лесна клиничка слика и се лекува дома

-

Четигодишното девојче од Штип, кај кое вчера беше потврден Ковид -19, е во добра здравствена состојба. Девојчето е прегледано на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип, по што пуштено на домашно лекување. Ова го потврди директорот на штипската болница, Ален Ѓеоргијев.

„Девојчето е со лесна клиничка слика. Во тек се иследувањата на сите кои биле во контакт со пацинетката. Вчера беа тестирани тројца, но дополнително, по проценка на епидемиолозите, може да бидат дополнително испитани,“ изјави Ѓеоргијев.

На шпекулациите дека родителите на девојчето кога се вратиле од Велика Британија слободно шетале низ градот, директорот на болницата рече дека тоа е прашање за епидемиолозите, додека министерот за здравство Венко Филипче веќе најави дека ќе се прави скрининг по градовите.

Тој упати апел до граѓаните да доаѓаат во болница, само кога е итно потребно, со само еден придружник и да носат свои маски.

– Многу е важно да ги следиме ресурсите и на болницата, да го штедиме и медицинскиот персонал. Набавивме 200 нови скафандери, 18 нови далечински мерачи на телесна температура, кои ќе мерат темепартура на сите што ќе се дојдат. Денеска сите вработени ќе добијат заштитни наочари, поставени се дезинфицинеси пред сите амбуланти,“ рече Ѓеоргијев.

Доколку се јави наплив на пацинети, Клиничката болница може да го стави на располагање Одделот за интензивна нега, каде има респиратори.

Во Источна Македонија во самоизолација се 345 граѓани. Сите допатувале од некоја од земјите во висок и среден ризик, потврдуваат од СВР Штип. Од таму додаваат дека бројката на лица во самоизолација постојано расте, и од вчера е зголемена за сто нови граѓани. Издадени се и решенија за посебен надзор, и сега изнесуваат 15.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...