fbpx

МВР за еден ден евидентирал 112 лица што не носат маски, казните се по 20 евра

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во своите соопштенија почна да објавува статистика и за тоа колку граѓани се затекнати без носење на лична заштита на јавно место. Полицајците само во текот на изминатото деноноќие евидентирале 112 лица кои ја прекршиле оваа владина мерка. Неносењето маска на носот и устата повлекува прекршочна казна во износ од 20 евра, а според моменталното однесување на граѓаните во Скопје, полициските службеници ќе имаат полни раце работа.

Граѓаните можат да бидат застанати од полициски службеник на било кое јавно место, доколку не носат лична заштита. Покривањето на носот и устата е задолжително при движење на сите јавни места од затворен тип, како и на просторите од отворен тип, како што се: пазарите, отворените трговски центри, автобуските постројки и тесните улици. Доколку немаат маска, граѓаните може да користат памучна марама, шал, бандана или сличен предмет со кој би ја покриле устата и носот.

Заштитна опрема за покривање на носот и устата не е задолжително да се носи единствено при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или на отворен простор со одржување на дистанца поголема од два метри. И покрај ваквите препораки и апелите на властите, изминативе денови во Скопје можеа да се забележат голем број на граѓани што не носат маски на јавните места, а има и групирања на поголем број лица на една локација.

Казните за неносење лична заштита на јавни места се однесуваат на физички лица, но и може да ги добијат и компаниите. Оние правни лица кои нема да обезбедат заштитна опрема за вработените, можат да се соочат со глоба во висина од 2.000 евра, додека одговорното лице ќе треба да плати 1.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...