Национална мрежа против насилство: Двете убиства на жени се знак дека системот потфрла

-

Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство сметаат дека двете убиства на жени (фемициди) за неполни две недели, се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство.

„По објавувањето на вознемирувачката вест за вчерашното убиство на млада жена во Скопје од страна на својот партнер, за неполни две недели во нашата држава бележиме два фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици,“ реагираат од Националната мрежа.

Од таму ги повикаа Министерство за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Министерство за труд и социјална политика за итно разрешување на случаите и покренување на соодветни постапки против сторителите.

Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство постојано предупредува за зголемениот ризик од семејно насилство и интимно-партнерско насилство во услови на криза, и повторно апелира за итно и приоритетно постапување во случаите на насилство врз жени и деца од надлежните институции.

Од таму очекуваат кривична пријава и гонење на сторителот согласно законите и Истанбулската конвенција.

И Хелсиншкиот комитет, на почетокот на кризата со корона вирусот и донесување на рестриктивните мерки предупреди дека за многу жени, домот е небезбедно место.

„Вонредната состојба не смее да биде изговор за прекршување на човековите права на жените, а особено правото на живот и правото на живеење без насилство. Спречувањето на фемицидите подразбира преземање на сите неопходни чекори на сите нивоа на општеството. Поради тоа, уште еднаш потенцираме дека од особена важност во овој период е државите да пристапат кон изнаоѓање на нови и креативни решенија за поддршка и заштита на жртвите, а со крајна цел спречување на потенцијалните фемициди. Непрепознавањето на насилството врз жените/родово базираното насилство и семејното насилство значително ја намалува довербата во надлежните институции,“ велат од Хелсиншки комитет.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...