fbpx
Таг: казни

таг: казни

МВР казни 48 полицајци

Министерството за внатрешни работи минатата недела казни 48 вработени поради сторени повреди во работењето. Како што стои во соопштението од МВР, по претходно спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија против 48 вработени. На 43 вработени им е изречена парична казна, додека за пет вработени изречена е мерка за запирање на постапката.

МЕСО: СОНК направи грешка со прекинување на штрајкот

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) смета дека раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) направило грешка прекинувајќи го штрајкот и оневозможувајќи да се решат многу прашања во сферата на образованието. ОД МЕСО ги оценуваат како недоволни и половични резултатите од преговорите помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК во врска со наградувањето и казнувањето на наставниците врз...

Сто евра казна и гратис прислушување

Актуелните настани, по сè изгледа, биле инспирација за духовитите кочанци, кои вчера на непрописно паркираните автомобили закачиле пораки со содржина: „Казна од сто евра за непрописно паркирање, плус објава на „Фејсбук“, плус гратис прислушување“. Пораката е напишана на обичен лист хартија и е поставена на ветробранското стакло на повеќе автомобили до Трговскиот центар во Кочани. Сопствениците на автомобилите и минувачите беа...

Поради дисциплински прекршоци, парично казнети 38 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 41 решение против 41 вработен во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 38 вработени изречена им е парична казна, за еден вработен е запрена постапката, а на еден вработен му е упатено писмено предупредување.

Затворени се четири објекти во акциска контрола на МВР и на УЈП

Министерството за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, во изминативе два дена продолжи со спроведувањето контроли во угостителските објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод и во Демир Хисар, при што е извршена контрола во 28 објекти. Инспекциските контроли утврдиле непочитување на Законот за заштита од пушењето, пијани малолетници и неиздавење фискални сметки....

За шест дена УЈП, МВР и ДПИ извршиле контроли во 92 локали

Екипи на СВР Скопје, Упрвата за јавни приходи (УЈП) и на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера извршиле контроли во 16 угостителски објекти во Скопје. Со последната акција, во изминативе шест дена вкупниот број на локали во кои биле извршени контроли изнесува 92, од кои 34 биле казнети од УЈП и д ДПИ, односно им биле изречени глоби во висина од...

Емигрирањето во Белгија би можело да чини 225 евра

Белгискиот државен секретар за азил и за миграција, националистот Тео Франкен, ги појасни плановите на неговата влада да го наплаќа правото на престој на имигрантите на белгиска територија, а, според него, тоа ќе чини 225 евра. Доколку имигрантот одбие или не може да ја плати оваа сума, тој ќе се соочи со „многу тешка санкција“ и тоа итно истерување од територијата,...

СДСМ: Власта на Никола Груевски воведува глоби до 3.000 евра за граѓаните

Социјалдемократскиот сојуз бара укинување на драконските казни за граѓаните што ги воведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ во градежништвото, преку предлог-измените во Законот за градење, истакна денеска на прес-конференција Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ. - Власта на Никола Груевски воведува глоби до 3.000 евра за граѓаните доколку по извршена значителна реконструкција на некој објект не обезбедат сертификат за...

Казни за студентите што ќе го повторуваат државниот испит

Ако по седми пат не го положат државниот испит, студентите ќе треба да плаќаат казна од  12.000 денари, јави „24 Вести“. Првите три полагања на државниот испит ќе бидат бесплатни, четвртиот пат ќе се наплаќа 100 денари, петиот пат 1.000 денари, шестиот обид ќе чини 3.000 денари, а последниот - седми - обид 12.000 денари - сума која ќе остане фиксна...

КФМ ги суспендира Докузовски и Србиновски на шест, односно на три месеци

Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација, на тренерот на Работнички, Марин Докузовски, му изрече казна од шест месеци суспензија поради одбивањето на неговиот тим да го продолжи натпреварот против МЗТ - Скопје Аеродром, пред две недели, пренесува „Плусинфо“. Неговиот помошник, Марјан Србиновски, од дисциплинската комисија на КФМ е суспендиран три месеци, а најголема казна доби претседателот на клубот, Горан Геровски,...

За 24 часа, 11 сообраќајни несреќи во Скопје, еден пешак е тешко повреден

Во Скопје синоќа се случиле 11 сообраќајни несреќи, во кои еден пешак е потешко повреден, а четворица возачи и седум сопатници се здобиле со полесни повреди. Според сообраќајната полиција, случени се уште шест незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет европски извештај за случена сообраќајна незгода. Во текот на вчерашниот ден, санкционирани се и тројца возачи кои не пуштиле...

За една недела казнети 1.140 учесници во сообраќајот

СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.140 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 44 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 79 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 60...

Утре почнува обврската за носење зимска опрема во возилата кога се движат надвор од населено место

Од утре, сопстевниците на возила имаат обврска задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата кога се движат по пат надвор од населено место. Обврската, која е пропишана со Законот за безбедност во сообраќајот, ќе биде на сила од утре, 15 ноември, до 15 март идната година, информираат од МВР. Казната за неносење зимска опрема и непридржувањето до законските прописи изнесува 15 евра. Од...

Странски државјанки без работни дозволи затекнати во тетовски локал

Екипа на тетовската полиција рано утрово, при контрола на угостителски објекти во градот, затекнала шест странски државјанки кои работеле нелегално, без работни дозволи. Како што информираат од полицијата, акцијата била спроведена во угостителскиот објект „Бабилон“, сопственост на тетовецот А.Б. (37). - При контролата, во внатрешноста на објектот, поточно на подиумот за танцување, биле затекнати шест странски државјанки, од кои пет од...

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема за возилата

Од 15 ноември почнува да важи обврската за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и на лесни камиони е задолжително носењето зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони, и лопата, ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег. Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде во...

Нови ограничувања за автомобилите во Њујорк

Властите во Њујорк ги зголемија ограничувањата на брзината на движење на автомобилите во градот за да се намали бројот на сообраќајни несреќи. Возачите ќе може да се движат со автомобилите со брзина од 25 милји на час (околу 40 км/час). Само во некои поголеми улици возачите ќе може да се движат како и досега – со брзина на автомобилот од 30...

Камшик за тие што ќе чуваат мајмун или куче во Иран

Сите што ќе чуваат куче или мајмун во Иран ќе бидат казнети парично и со удари со камшик, објави италијанскиот весник „Стампа“. Триесетина пратеници конзервативци поднеле во парламентот нацрт-закон со кој ќе се казнуваат луѓето кои купуваат кучиња или мајмуни или кои ги „шетаат“ тие животни на јавни места. Казната е 74 удари со камшик и парична казна од 300 до 3.000...

Педесет наставници од Штип реагираат на казните

Педесетина наставници од Штип до училишните одбори поднеле приговори поради пониските оценки од интерното оценување. Тие реагираат затоа што со тоа ќе добијат и плата пониска за 3.000 денари. Најмногу приговори, 34, се во ОУ „Ванчо Прке“, каде повеќе од половината наставници, на внатрешното оценување добиле оценки со кои е предвидена и казна. Тие тврдт дека членовите на  училишната комисија, поради непознавање...

Наставници ќе бараат укинување на казните од екстерното тестирање

Синдикатот ја обезбедува правната помош на наставникот кој е казнет на екстерното или интерното тестирање
Седумдесет наставници од источниот регион поднеле приговори до училишните одбори заради казните од екстерното тестирање. Најмногу ги има во Штип. Во основното училиште „Ванчо Прќе“, од 34 приговори, прифатени се тие на 32 наставници, информира претседателот на регионалниот синдикат Марјан Костадиновски, пренесе телевизија „Ирис“. За останатите училишта се чека изјаснување од училишните одбори. Во регионалниот центар на синдикатот за Кочани...

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...