fbpx
Таг: казни

таг: казни

„Еко-герила“ бара засилена контрола врз производствените капацитети во Тетово

Здружението „Еко-герила“ преку писмено соопштение упати јавен повик до инспекторатот за екологија на Општина Тетово, да извршува почести проверки на разни производствени капацитети лоцирани на територијата на општина Тетово, во согласност со законските обврски. - Треба почесто да се контролира дали производствените капацитети ги исполнуваат еколошките критериуми за интегрирани Б-дозволи. Жителите на населбите, каде што се наоѓаат овие производствени капацитети,...

Ад хок телото побара нови казни за медиуми поради непочитување на Изборниот законик

Ад хок комисијата за следење на медиумите на денешната седница донела одлука да поднесе барање до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки против неколку телевизии и едно радио, поради прекршување на правилата за изборно медиумско претставување на политичките партии. „Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција - глоба, привремената комисија...

Трамп бара одземање на државјанството или затворска казна за палење на знамето на САД

Секој што ќе го запали американското државно знаме треба да се соочи со последици, како одземање на државјанството или затворска казна, смета новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквиот став, Трамп денеска го соопшти преку порака на својот официјален твитер-профил. „Никому не смее да му биле дозволено да го пали американското знаме. Доколку некој го запали, мора да има последици -...

„Дојче банка“ оствари профит по загубите од шест милијарди евра

„Дојче банка“ соопшти дека во третиот квартал остварила профит од 278 милиони евра, што претставува неочекуван пресврт по загубата од шест милијарди евра во истиот период лани. Банката соопшти дека се чувствува влијанието на „неповолните каматни стапки“ и на преговорите со американските власти за плаќање на казната поради неправилности при тргување со хипотеки во САД. На банката ѝ се заканува казна...

Ад хок телото ќе носи одлуки со кворум од тројца членови

Ад хок телото за надзор на работата на медиумите го усвои деловникот за работа, според кој, еден медиум ќе може да се казни доколку така одлучат тројца од петте членови на привременото тело. За одржување седница, исто така, ќе биде потребен кворум од тројца членови кои доколку сакаат да донесат одлука, ќе треба да бидат едногласни. Ад хок телото веќе го има...

СДСМ: Со преголемите казни, ВМРО-ДПМНЕ ги уништува малите бизниси во Штип

Владимир Милошев, претседател на разгранокот на СДСМ во Штип, денеска на прес-конференција обвини дека казните од  Управата за јавни приходи се преголеми, а малите и средните бизниси одвај преживуваат. - Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ негативно се одразува на нормалното работење на фирмите. За многу фирми, големите казни претставуваат и сериозна закана за нивната егзистенција и за вработените во овие фирми - изјави...

Демократскиот сојуз бара ново судење на обвинетите во случајот „Шпион“

Демократскиот сојуз бара повторно судење на 18 обвинети во случајот „Шпион“, бидејќи на тој начин, како што велат од партијата, ќе можат да се преоценат доказите и обвинувањата во целина. „Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде случајот „Шпион“ и сигурно за тоа има и правна основа, но и цврсти докази и сомнежи дека Јавното обвинителство или судот направиле повреда на...

Први парични казни за носење буркини во Кан

Француската полиција ги врачи првите парични казни поради носење буркини во Кан, на југот на Франција. Забраната за носење муслимански костум за капење, кој целосно го покрива женското тело е во воведена кон почетокот на месецот. Жените во буркини биле на плажа со своите деца кога полицијата интервенирала. Четирите жени се казнети со по 36 евра, а добиле и усно предупредување...

ЕУ почна процедура за санкционирање на Шпанија и на Португалија

Министрите за финансии од еврозоната донеле одлука да почнат процедура за санкционирање на Шпанија и на Португалија поради кршење на правилата на ЕУ за трошење. Двете земји се обвинети дека не прават доволно напори да го намалат нивниот буџетски дефицит, кој според регулативите на ЕУ треба да изнесува помалку од три проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Правилото беше воведено во...

Русија ги заостри мерките против тероризмот

Лицата што ќе бидат осудени за меѓународен тероризам или терористички напади надвор од границите на Русија, ќе бидат осудувани на казна затвор до 20 години или на доживотна робија, стои во пакетот антитерористички закони што го потпиша рускиот претседател Владимир Путин. Во законот се предвидува затвор до 10 години и парична казна за финансирање екстремистички и терористички активности, додека лицата што повикуваат на...

МЗШВ воведува ограничување на движењето низ шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави дека се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси од денеска до 15 август, во периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне. Ограничувањето не важи за лица што имаат соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и за субјектите...

Штипјани собраа 1.500 евра за казнетите учесници во „Шарена револуција

Во еден ден штипјани ги собраа парите потребни за да се платат казните на тројца учесници во протестите на „Шарената револуција“, поради боење и шарање на улица во градот. Прилозите се собираа во текот на целиот ден во едно од штипските кафулиња. Донаторската акција заврши со забава, кога беше објавено дека се собрани потребните 1.300 евра за плаќање на прекршочните...

Инспектори влегоа во кафулето во Штип каде требаше да се собираат донации за „Шарена револуција“

Организаторите на акцијата за собирање донации за „Шарената револуција“ во Штип одлучија да ја сменат локацијата. Новата локација не ја соопштија, но најавија дека размислуваат кутијата да ја постават на отворено, во центарот на градот. Горан Трајков, еден од тројцата учесници во протестите со прекршочна казна, рече дека и тој дознал од организаторите дека локацијата е сменета. - Неофицијално, инспектори го...

Штипјани денеска ќе донираат за казнетите членови на „Шарената револуција“

Кутија за донации денеска ќе биде поставена во кафулето „Карма кафе“ во центарот на Штип, каде граѓаните ќе може да дадат свој прилог за плаќање на паричните казни од вкупно 1.300 евра, што им беа одредени на учесници во „Шарената револуција“ во градот. На социјалните мрежи е објавен повик да им се помогне на тројцата демонстранти од „Шарената револуција“ кои...

Казни од 430 евра за тројца демонстранти на „Шарената револуција“ во Штип

Поради шарање на улиците и на тротоарите, тројца демонстранти од „Шарената револуција“ во Штип треба да платат казни од 430 евра. Ова на тројцата им било соопштено по информативните разговори на кои беа повикани синоќа во полициската станица во Штип. - Казните се преголеми и немаме намера да ги плаќаме - вели Горан Трајков, неформалниот лидер на штипската „Шарена револуција“. На...

Парични казни за поддржувачи на „Шарена револуција“ од Прилеп

Четворица поддржувачи на „Шарената револуција“ од Прилеп деновиве добиле записници за констатиран прекршок и платни налози со кои, во согласност со Законот за јавна чистота, се казнети со 50 евра во денарска противвредност, јавува порталот „Револуционер“. Во записникот, доставен од МВР, се наведува дека комуналниот инспектор при локалната самоуправа на Општина Прилеп констатирал дека лицата сториле прекршок според чл.19, ст.1...

„Волстрит џурнал“: Можна е забрана за влез во ЕУ на функционери на ВМРО-ДПМНЕ поради одлуката на Иванов

Висок претставник на ЕУ вели дека западните земји ќе се ангажираат поагресивно против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и други високи функционери доколку одлуката за амнестија на Иванов за политичари обвинети за измама и за корупција навистина се спроведе, пишува „Волстрит џурнал“. „Помеѓу можните казни поради одлуката, се забрана за патување во шенген-зоната за македонски политичари, повлекување на помошта за...

Нови правила (и казни) за сите медиуми од денот на распишување на изборите

Од денот на распишување на изборите, што според најавите на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, најверојатно ќе се случи на 15 април, за медиумите почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година. Според независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска, ако во целост се имплементира Изборниот законик, тој е добра можност за регулирање на медиумите во предизборниот период. - Во...

Грчките новинари раскажаа како биле опколени и приведени од македонската полиција

Грчките новинари кои заедно со групи нивни колеги од странство и волонтери вчера беа приведени од македонската полиција, се вратени назад во Грција откако биле задржани шест часа, платиле казна од 260 евра за нелегално преминување на граница и добиле шестмесечна забрана за влез во Македонија. Вкупно биле уапсени 12 грчки новинари, фоторепортери и техничари и уште 30 странски новинари и волонтери од невладини...

Мигрантите вратени во Грција, новинарите ослободени на Богородица со парична казна

Мигрантите што вчера успеаја да најдат „пукнатина“ на македонско-грчката граница и навлегоа на македонска територија кај гевгелиското село Моин, се вратени назад во Грција, соопштија денеска за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за 1.500 лица, кои вчера беа задржани од македонските безбедносни сили. Друга група од околу 600 до 700 лица биле затекнати на граничната линија во обид...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...