fbpx

Ад хок телото ќе носи одлуки со кворум од тројца членови

-

Ад хок телото за надзор на работата на медиумите го усвои деловникот за работа, според кој, еден медиум ќе може да се казни доколку така одлучат тројца од петте членови на привременото тело.

За одржување седница, исто така, ќе биде потребен кворум од тројца членови кои доколку сакаат да донесат одлука, ќе треба да бидат едногласни.

Ад хок телото веќе го има подготвено својот прв извештај за однесувањето на медиумите во период од 10 дена.

Ова привремено тело во петокот (9 септември 2016 г.) ја донесе својата прва одлука, односно поднесе предлог за изрекување прекршочна казна за Првиот програмски сервис на Македонската радиотелевизија (МРТ 1), поради емитување владини реклами.

Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија, вчера за „Мета“ изјави дека по добиените насоки од Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги на 2 септември 2016 година, МТВ ги отстранила сите реклами финансирани од Влада на Република Македонија.

– Станува збор за грешка од небрежност и покрај писмената и усна наредба дадена во режија. Водичот на програма, на своја рака, од незнаење и неиформираност од колегите, ненамерно (според изјавите на водичот на програма), го има сторено прекршокот. Во согласност со актите за дисциплински мерки во МРТ, сите вработени што ќе направат каков било прекршок, ќе бидат соодветно санкционирани. Напоменуваме дека по известувањето на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги, МРТ ги отстрани сите владини реклами, а во меѓувреме направивме уште една проверка на сите програмски и рекламни форшпани за да не се случи истата грешка – вели Ратајкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...