fbpx
Таг: казни

таг: казни

„Република“: Шилегов изнесе груби лаги и невистини

Неделникот „Република“ ги демантираше информациите што денеска беа изнесени од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Во врска со обвинувањата од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, изнесени во изјава за медиуми, а во врска со, наводно, приходи од Владата на Македонија, „Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи,...

Дисциплински мерки против 59 вработени во МВР во декември

Во текот на декември минатата година, по спроведена дисциплинска постапка, донесени биле 59 решенија против исто толку вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) поради сторени повреди во работењето, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, на 46 вработени им била изречена парична казна, на петмина - писмено предупредување, за четворица вработени одредена е мерка запирање на постапката, двајца се...

Македонската амбасада во Осло, меѓу првите 10 на листата за неплаќање сообраќајни казни

Македонската амбасада во Осло, Норвешка, на градот му должи повеќе од 1.500 евра за неплатени паркинг-казни за непрописно паркирање. Норвешкиот портал „Ослоби“ (Osloby), портал на угледниот весник „Афтенпостен“, пренесува дека македонската амбасада е на седмото место од светските амбасади во Норвешка со највисок неплатен долг од казни за паркирање. Повикувајќи се на информации од даночната управа во Осло, „Ослоби“ забележува дека долгот од...

Ако жена во Швајцарија носи бурка, следува казна од 9.200 евра

Жените што на јавно место во Швајцарија носат бурка, која целосно им го покрива лицето, би можеле да добијат казна од 6.500 фунти, но сè уште не се знае кога овој закон ќе стапи на сила. На муслиманките нема да им биде дозволено да носат бурки во продавници, ресторани и во државни установи во швајцарскиот кантон Тичино, во кој се зборува италијански. Најмалата...

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Обврската за носење зимска опрема за возилата почнува од денеска. За возачите на автомобили, теренски возила и на лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а возачите на автобуси и на тешки камиони, покрај тоа, треба да поседуваат и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег. Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде во...

Боко харам објави видеоснимки од сурови казнувања

Екстремистичката организација Боко харам објави видеозапис на кој прикажува две отсечени десни раце на мажи, кои на тој начин се казнети поради крадење пари. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како локалното население е насобрано околу вооружените борци, од кои еден објаснува дека тие се соочуваат со „пропишаната божја казна“. Првата ампутација на раката не е прикажана на снимката. Боко...

Могерини: Да се истражат нападите врз новинарите

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска побара на новинарите да им се обезбеди без страв да си ја вршат својата работа, а тие што ги напаѓаат да бидат изведени пред лицето на правдата. - Нападите врз новинари не претставуваат само напади врз жртви, тие истовремено претставуваат напади на слободата на изразување и на слободата...

Ќе се укинат летовите меѓу Украина и Русија

Директните летови меѓу Украина и Русија ќе бидат прекинати од полноќ, бидејќи стапуваат на сила санкциите што ги воведе украинската влада кон Русија. Властите во Москва најавија реципрочни мерки. На овој начин, ќе бидат засегнати 70.000 патници. Санкциите се воведени за да се казни Русија за анексијата на Крим, како и поради поддршката што им ја дава на вооружените бунтовници на истокот на Украина. Русија...

Стапи на сила новиот Закон за сообраќај: Од денеска се вози со 50 километри на час

Денеска на сила стапува новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кој една од поголемите новини е ограничувањето на брзината во населено место на максимални 50 километри на час, наместо досегашните 60 километри на час. За непочитување на оваа одредба, во новиот закон се предвидени парични казни кои скалесто, во зависност од пречекорувањето на брзината, се движат од...

Делев: Не треба да се крева прав дека фирмите се казнуваат

Казните и глобите секогаш биле најмалиот генератор на приходи во вкупниот буџет на Македонија. Ова денеска го истакна заменик-министерот за економија, Христијан Делев. - Од вкупно изречените санкции во делот економија, вклучувајќи ги сите инспекторати и институции под нејзина надлежност, наплатени се 1,5 проценти, што е минорна бројка - рече денеска Делев, на седницата на собраниската Комисија за економски прашања. Членовите на Комисијата...

Британија: Затворска казна до шест месеци за илегалните работници

Луѓето кои работат илегално во Англија и Велс наскоро ќе се соочат со затворски казни до шест месеци, предвидува новиот нацрт-закон кој треба да биде донесен есенва, јавува „Би-Би-Си“. Новите законски решенија во Велика Британија исто така предвидуваат и мерки против рестораните и фирмите кои вработуваат илегални мигранти, а казните за оние кои ќе бидат откриени дека работат без дозвола...

Владата донесе законски измени за намалување на глобите

Владата на Република Македонија денеска на седница усвои дваесетина закони за усогласување на регулативата. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, соопшти дека законите се од различни области: земјоделство, труд и социјална политика, економија, финансии, царина. Според Ѓорѓиев, тие опфаќаат 80-90 отсто од најчестите прекршоци. Како што посочи Ѓорѓиев, новите закони ќе придонесат за растоварување на бизнисот од високи трошоци, имајќи предвид дека висината на глобите...

ССК: Особено радува што казните нема да бидат исти за малите и за големите компании

Од Сојузот на стопански комори (ССК) велат дека со измените на Законот за прекршоци, усвоено е уште едно од барањата на ССК што било доставено во 2013 година во делот на предлог-мерките за унапредување на деловното работење и за функционирање на компаниите во Македонија. Заменик-претседателот на ССК, Сеад Кочан, вели дека особено радува тоа што со паричните казни компаниите ќе бидат...

Се намалуваат казните за фирмите

Собранието вчера ги изгласа измените на Законот за прекршоци, Законот за општа управна постапка и на Законот за парнична постапка. Како што истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, овие закони биле донесени врз база на длабоки и сериозни консултации со стопанските комори, занаетчиските здруженија и со сопственици на мали и на средни претпријатија. Со Законот за прекршоци суштинска новина е воведување на принципот...

Ограничено движење во шумите до 5 август

Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси во период од 7 часот наутро од 17 часот попладне, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што информираат оттаму, во шумите ќе можат да се движат само лица со соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми...

Парични глоби и привремено затворање на осум деловни објекти во Охрид

Управата за јавни приходи (УЈП) во Охрид изрече парични глоби и привремено затвори осум деловни објекти во Охрид. Во акцијата, спроведена викендов, инспекторите констатирале неправилности во работењето. Поради неиздавање фискални сметки, им биле изречени глоби и мерка привремено затворање во период од 15 дена, а дополнително кај уште два деловни субјекти било утврдено дека се продаваат алкохолни пијалаци без бандероли. Управата за...

Словенија: Казни за уредниците за навредливи коментари

Новиот словенечки закон за медиуми налага уредниците да ги бришат навредливите коментари кои шират говор на омраза, а ако тоа не го направат во најкраток можен рок, предвидени се санкции, односно глоба за главните уредници во висина од 500 до 5.000 евра. Станува збор за нацрт-закон кој е во фаза на јавна расправа. Воведувањето санкции и бришењето коментари на читатели и...

Казни за аерозагадувачите во Тетово

Парична казна од 2.400 евра заработи приватна фирма во Тетово поради незаконско палење отпадни материи на отворено, а во согласност со Законот за справување со отпад. Општинскиот инспекторат ја изрече казната откако инспекторите утврдиле прекршување на законот, по претходна дојава од граѓани преку телефонската линија за пријавување аерозагадување. Ако во рок од осум дена фирмата не ја плати казната, против неа ќе...

Двајца демонстранти од 5 мај добија условни казни

На двајцата демонстранти, кои денеска ја признаа вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност, им е укинат притворот и е заменет со условна казна од три месеци затвор. За едниот е одредена и дополнителна мерка, лекување од алкохолизам во психијатриска установа во тек на една година, со тоа што редовно ќе се јавува на лекување...

МВР казни 15 полицајци

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1, точки 2 и 4 и член 207, став 1, точки 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработени изречена им е...

Владата се поднови со 45 „Шкода суперб“ за 2,2 милиони евра

Склучен е договор меѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата и Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за набавка на 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг со...