fbpx

Британија: Затворска казна до шест месеци за илегалните работници

-

Луѓето кои работат илегално во Англија и Велс наскоро ќе се соочат со затворски казни до шест месеци, предвидува новиот нацрт-закон кој треба да биде донесен есенва, јавува „Би-Би-Си“.

Новите законски решенија во Велика Британија исто така предвидуваат и мерки против рестораните и фирмите кои вработуваат илегални мигранти, а казните за оние кои ќе бидат откриени дека работат без дозвола вклучуваат и неограничени парични казни и заплена на платите.

„Секој кој што мисли дека Британија е лесен залак треба да знае дека ако се илегално во земјата ние ќе преземеме акција да ве запреме да најдете работа, да изнајмите стан, да отворите сметка во банка или да возите автомобил“, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на министерот за емиграција, Џејмс Брокеншир кој додава дека „владата ќе продолжи да се бори против злоупотребата на системот“.

Британските власти исто така размислуваат да ги прошират овие мерки и на возачите на такси и на операторите, а ќе има измени и во правата и на останатите бизниси во земјата кои вработуваат илегални работници.

Како што јавува британскиот национален сервис, работодавачите нема да можат повеќе да се првдаат дека не знаеле дека одреден вработен нема дозвола за работа. Тие ќе бидат обврзани да ги извршат сите потребни проверки пред да вработат некого.

Максималната казна за работодавачите кои ќе бидат осудени ќе се зголеми од две до пет години затвор, покрај паричните казни кои се веќе на сила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...