fbpx

Стапи на сила новиот Закон за сообраќај: Од денеска се вози со 50 километри на час

-

Денеска на сила стапува новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кој една од поголемите новини е ограничувањето на брзината во населено место на максимални 50 километри на час, наместо досегашните 60 километри на час.

За непочитување на оваа одредба, во новиот закон се предвидени парични казни кои скалесто, во зависност од пречекорувањето на брзината, се движат од 10 до 400 евра.

За возење со 50 километри на час над дозволената брзина, односно со 100 километри на час во населено место, казната е 400 евра, односно 65 негативни поени, а покрај финансиската глоба, на возачот ќе му се изрече и забрана за управување моторно возило од шест до 12 месеци. Казната за возење со брзина поголема од 30 до 50 километри на час над дозволената, изнесува 300 евра или 50 негативни поени и забрана за возење од три месеци до една година. Ако некој биде фатен како вози со брзина од 10 до 30 километри на час над дозволената, ќе плати казна од 45 евра или 25 негативни бода, а казната за управување со моторно возило со 10 километри на час повеќе од дозволеното е 10 евра, односно 10 негативни поени.

Со Законот е предвидено и задолжителна употреба на вклучени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до целосно разденување, како и дење во случај на намалена видливост.

За мотоциклите, светлата ќе бидат задолжителни дење и ноќе, а за велосипедистите – задолжително е соодветно светлосно обележување.

Казните за возачите што не го почитуваат ова, изнесуваат 15 евра дење и 35 евра ноќе, односно 15 негативни бода. Глобата за велосипедистите изнесува 50 евра.

Казната за користење мобилен телефон при возење изнесува 45 евра. Возачите ќе смеат да го користат мобилниот телефон единствено ако имаат слушалки со кои можат да зборуваат без да ги користат рацете.

Со новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, највисоки казни се предвидени за возачите што управуваат возило под дејство на алкохол или на наркотични средства. Овие казни, скалесто, според присуството на алкохол во организмот се движат од 225 евра до 375 евра и забрана за возење во период од една година.

Најголема глоба, од 500 евра, е предвидена за возачите што се под дејство на алкохол, но одбиваат да направат алкотест.

Новина во законот е и одредбата што им овозможува на сообраќајните полицајци да задржат возач под дејство на алкохол во полициска станица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...