fbpx

Парични глоби и привремено затворање на осум деловни објекти во Охрид

-

Управата за јавни приходи (УЈП) во Охрид изрече парични глоби и привремено затвори осум деловни објекти во Охрид.

Во акцијата, спроведена викендов, инспекторите констатирале неправилности во работењето. Поради неиздавање фискални сметки, им биле изречени глоби и мерка привремено затворање во период од 15 дена, а дополнително кај уште два деловни субјекти било утврдено дека се продаваат алкохолни пијалаци без бандероли.

Управата за јавни приходи претходно најави дека поради зголемениот обем на работа, ќе врши засилени контроли во туристичките центри, за превенција од појава на финансиски малверзации и даночен ризик кај одредени дејности, кои се особено активни во екот на туристичката сезона.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...