fbpx

Двајца демонстранти од 5 мај добија условни казни

-

На двајцата демонстранти, кои денеска ја признаа вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност, им е укинат притворот и е заменет со условна казна од три месеци затвор.

За едниот е одредена и дополнителна мерка, лекување од алкохолизам во психијатриска установа во тек на една година, со тоа што редовно ќе се јавува на лекување за терапија.

Обвинетите и нивните адвокати рекоа дека нема да се жалат на казната.

За другите двајца, кои ја негираа вината, ново судско рочиште ќе има в петок.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...