fbpx

За 24 часа, 11 сообраќајни несреќи во Скопје, еден пешак е тешко повреден

-

Во Скопје синоќа се случиле 11 сообраќајни несреќи, во кои еден пешак е потешко повреден, а четворица возачи и седум сопатници се здобиле со полесни повреди.

Според сообраќајната полиција, случени се уште шест незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет европски извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден, санкционирани се и тројца возачи кои не пуштиле пешаци на пешачки премин, 10 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 28 возачи кои не користеле безбедносен појас или, пак, користеле мобилен телефон и шест пешаци кои поминале надвор од пешачки премин.

Отстранети се и 58 возила со помош на специјалното возило „пајак“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...