fbpx
Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Станавме членка на Креативна Европа, програма на ЕУ со буџет од над 2,4 милијарди евра

Северна Македонија стана полноправна членка на програмата на ЕУ Креативна Европа, која што има буџет од над 2,4 милијарди евра за периодот 2021-2027 година и е наменета за културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. „Амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на ЕУ, Марија Габриел, го потпишаа...

Заев – Ескобар: Партнерството со САД и членството на земјата во ЕУ се многу важни

По средбата со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар се сретна и со премиерот Зоран Заев. „На денешната средба го информирав за актуелната политичка состојба во земјава и дека обезбедивме стабилен континуитет на стратешките политички определби – процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, забрзување...

Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, се сретна со Пендаровски, на ред се Заев и Османи

Претседателот Стево Пендаровски денес го прими американскиот заменик помошник државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тие на средбата разменија мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот. Претседателот Пендаровски оцени дека посета на Ескобар во Скопје е потврда на одличните билатерални односи и важна за...

Европското јавно обвинителство – заштита на европските пари, но и повеќе од тоа

Дека градењето на институциите во ЕУ е долг и сложен процес добро го илустрира примерот на Европското јавно обвинителство. Институцијата се создаваше 25 години. По иницијалните предлози и дискусии, правната основа беше создадена со Договорот од Лисабон во 2007 година. За Предлогот на регулативата за основање поднесен во 2013 година се расправаше цели четири години и таа беше усвоена во...

Ќучук и Груби во посета на училиштето „Исмаил Ќемали“

Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, заедно со Илхан Ќучук, известувач на Европарламентот, денеска беа во посета на училиштето „Исмаил Ќемали“ во Чаир, каде што учеа петмина од учениците кои загинаа во несреќата која се случи во Бугарија. Груби кажа дека Ќучук изразил голема желба да дојде и...

Се шири стравот од новиот сој на корона вирусот во светот, граничните рампи се спуштаат

По подемот на новиот опасен сој на корона вирусот којшто потекнува од Јужноафриканската Република, во светот полека почнуваат да се ограничуваат можностите за патување, извести британскиот јавен радиодифузер Би-Би-Си. Додека се чека негово „кратко“ именување, новиот сој сега е познат како B.1.1.529 Неговото ширење беше идентификувано оваа седмица и тоа ги натера Обединетото Кралство, Сингапор и Јапонија, но и други држави,...

Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е геостратешки интерес на САД

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која на премиерот во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Како што соопшти Владата, премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговарале за...

И повторно лупа врз исходот од бугарски избори: Меѓу кажаното и пишаното

По третите парламентарни избори оваа година, можно е Бугарија да добие Влада. Резултатите, математички гледано, тоа не го гарантираат. Сепак, политичката игра е надвор од доменот на математиката, а картите се малку поинаку поделени во оваа трета рунда. Изненадувачката победа на новоформираната „Продолжуваме со промените“, благодарејќи на анти-корупциската платформа, харизмата на лидерите и нивниот имиџ на успешни харвардски ученици е...

Линхарт: Се надеваме дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат во декември

Австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаел Линхарт, денеска во Скопје, по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, порача дека Австрија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и поддржува итен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ во декември. „Тоа е прозорец на можности и за Албанија и за...

Лорер: Не е реално до 14 декември да се постигне целосен договор меѓу Бугарија и Северна Македонија

Даниел Лорер од победничката политичка партија во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, кој е најсериозниот кандидат за министер за надворешни работи на Бугарија, смета дека до 14 декември нема да може целосно да се реши спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Инаку, на овој датум, треба да се одржи последната средба на врвот на Европската Унија за годинава. Гостувајќи во емисијата...

Порталб: ОБСЕ следи 24 судски случаи на висока корупција, вклучително и поранешни случаи на СЈО

Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да ги следи судските постапки на предмети на организиран криминал и корупција од средно и високо ниво, во рамки на заедничкиот проект со Европската Унија „Поддршка за поефикасно спроведување на правдата во случаите на корупција и организиран криминал во Северна Македонија преку мониторинг на судењата“, пренесува Порталб.мк. „Мониторингот започна во јули 2021 година и...

Век и половина Македонски железници: До крајот на 2023 година пруга до скопскиот аеродром

По повод одбележувањето на 150 години од основањето на Македонските железници во далечната 1873 година, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ планира до крајот на 2023 година да ја заврши изградбата на пругата од железничката станица Илинден до Меѓународниот аеродром Скопје. На тој начин, Скопје ќе добие аеродромски воз што би сообраќал од Транспортниот центар до аеродромот. Директорот...

Османи на средба со еврокомесарот Вархеји: Преговорите да отпочнат што е можно поскоро

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји. На средбата беше дискутирано за европската перспектива на Северна Македонија, за добрососедските односи, регионалните иницијативи како и за очекувањата во периодот што претстои, во пресрет на декемвриските Совети, како можност за позитивен исчекор во следната фаза...

Борисов: Целата ЕУ е против нас, за Северна Македонија ќе нè притиснат со финансиските инструменти

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов гостувајќи во емисијата „Здраво Бугарија“ на бугарската телевизија Нова денеска порача дека целата ЕУ е против Бугарија поради нејзиното постапување кон Северна Македонија во последните седум месеци. Борисов го цитираше францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Македонија треба да почне преговори, а тоа, вели поранешниот бугарски премиер, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија...

Енергетската криза во Западниот Балкан – слично на ЕУ, или сепак различно?

Очекувано, глобалната енергетската криза не го заобиколи Западниот Балкан. Меѓутоа, регионот покажува некои специфики споредено со ЕУ. Западниот Балкан е поврзан со Европската унија преку Договорот за енергетската заедница, во кој, покрај државите од нашиот регион, членуваат и Украина, Молдавија и Грузија. Со овој договор практично внатрешниот пазар на енергија на ЕУ се проширува на овие држави, што за нив...

Бугарија бара помош од ЕУ за респиратори и кревети за интензивна нега

Бугарија го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ поради проблематичната ситуација со Ковид-19 во земјата. Портпаролот на Комисијата рече дека властите побарале низа медицински предмети преку механизмот, вклучувајќи значителна количина вентилатори, монитори за пациенти, кревети за интензивна нега и маски за кислород, објави Еурактив. Механизмот за цивилна заштита е наменет за брза меѓусебна помош при природни катастрофи, индустриски несреќи...

Енергетската криза во ЕУ – да се прегрми зимата, а потоа…

Глобалната енергетската криза сериозно ја погодува Европската Унија. Сите традиционални извори на енергија поскапеа на светскиот пазар. Покрај пазарните фактори на понудата и побарувачката, за кризата придонесува и стравот и неизвесноста во пресрет на зимата.   Графикон 1: Цените на енергијата во ЕУ 2008-2021, Европска комисија Европската унија е силно зависна од надворешни енергетски ресурси. Според Еуростат, во 2019 година зависноста изнесувала...

Шахпаска – Галовеј: Ја интензивираме соработката со Велика Британија, положбата на Ромите е приоритет

Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј. На средбата министерката и амбасадорката разговараа за тековните проекти на Министерството, со посебен акцент на проектите кои се однесуваат за помош и реинтеграција на Ромите во време на ковид-криза. „Успешно ја реализираме втората фаза на Програмата РОМАКТЕД, 2021-2024 година. Зајакнување...

Димитров за Еуроњуз: „Бугарија со својата политика го компромитира македонско-бугарското пријателство, а става вето и на ЕУ кон регионот“

На маргините на Белградскиот безбедносен форум, во интервју за Еуроњуз, вицепремиерот Никола Димитров зборува за кредибилитетот на ЕУ во регионот, во светло на последниот пакет за проширување на Европската комисија, како и регионалната соработка и нејзината важност во контекст на европската интеграција. Осврнувајќи се на наодите од последниот Извештај на ЕК за Северна Македонија, Димитров истакнува дека отсуството на акција...

Гледајќи напред и гледајќи назад – Искуство од регионалната соработка и вмрежување на граѓанските организации во Западен Балкан

Вмрежувањето на регионалните граѓански организации на Балканот стана сè поголем предизвик за повеќето организации вклучени во регионални иницијативи кои ги поттикнуваат човековите права, демократијата, доброто владеење, владеењето на правото, помирувањето или социоекономскиот развој. Може да се забележат најмалку три причини за оваа незавидна ситуација со која се соочуваат и формалните и неформалните регионални мрежи на граѓанските организации од 2020...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...