fbpx

Лорер: Не е реално до 14 декември да се постигне целосен договор меѓу Бугарија и Северна Македонија

-

Даниел Лорер од победничката политичка партија во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, кој е најсериозниот кандидат за министер за надворешни работи на Бугарија, смета дека до 14 декември нема да може целосно да се реши спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Инаку, на овој датум, треба да се одржи последната средба на врвот на Европската Унија за годинава.

Гостувајќи во емисијата „Важното, кажано на глас“ на радио бТВ, Лорер вчера порача дека се потребни и дополнителни преговори за економскиот напредок помеѓу двете земји, а историската дискусија да се води паралаелно.

„Нам ни се чини дека ако оставиме единствено историјата да ги движи преговорите напред, тоа нема да даде доволно добар резултат и за двете земји. Затоа, ќе отвориме и дополнителни дискусии во поглед на економски напредок меѓу двете земји. А историската дискусија ќе се движи паралелно. Така што и двете земји да бидат задоволни“, рече Лорер.

Прашан дали ќе биде предложен за министер за надворешни работи, Лорер не ја отфрли таа идеја, но не ја ни потврди.

Коментирајќи ја заедничката историска комисија на Софија и Скопје, тој рече дека во моментот „Продолжуваме со промената“ (ПП) смета дека работата на комсијата не нуди напредок и двете земји се чувствуваат незадоволни од тоа што се случува и дека треба да се најде нова формула.

„Нејзината функција треба да биде потпомагачка, но не и единствена во овој процес. Спорот е длабок и ние знаеме дека на Балканот нашите народи се врзани со многу долга историја. Тие дискусии треба да го изврват својот пат. Тоа се случува меѓу сите соседски народи на Балканот и нема начин тоа да се единствениот пат за разговори меѓу нас“, рече Лорер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...