fbpx

Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е геостратешки интерес на САД

-

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која на премиерот во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти Владата, премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговарале за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година.

Соговорниците се согласиле дека отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД.

„Во телефонскиот разговор потврдено е стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД кои сега се и партнери во НАТО“, се вели во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...