петок, 23 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: екстерно | 39 резултати

Почнува екстерното тестирање за 18.600 матуранти

30 јануари 2017

Екстерното тестирање на 18.600 матуранти ќе се спроведе од денеска и ќе трае до петок, 3 февруари, информираше Државниот испитен центар (ДИЦ). Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 […]

Од денеска почнува екстерното тестирање

7 јуни 2016

Од денеска до 11 јуни ќе се спроведе екстерно тестирање за учебната 2015/2016 година во јунската сесија. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. ДИЦ претходно ја објави базата прашања по сите предмети. Учениците се тестираат […]

Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстереното тестирање

6 јуни 2016

Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстерно тестирање за учебната 2015/2016 година во јунската сесија. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. ДИЦ претходно ја објави базата прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по […]

Омбудсман: Изборите не смеат да ги поместат матурата и екстерното тестирање

19 април 2016

„Груба повреда на правата на учениците претставува промената на рокот за полагање на државната матура од 4 јуни на 28 мај, во услови кога редовната настава за матурантите завршува на 20 мај. Со тоа на учениците им се скратува времето за подготовка за полагање на овој испит, со што уште еднаш се потврдува дека воопшто […]

Ристовски: Нема пролонгирање, наставата завршува на 10 јуни

25 март 2016

„Нема пролонгирање на учебната година, наставата завршува на 10 јуни“, изјави за „Мета“ заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, по информациите дека поради изборите за неколку дена подоцна е поместeно и екстерното тестирање. Имено, како што нè информираа наставници, екстерното тестирање годинава ќе почне на 9 јуни, а ќе заврши на 14 јуни, што […]

Изборите ги одложија и екстерното тестирање и распустот за една недела

25 март 2016

Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна поради предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, дознава „Мета“ од наставници во основни училишта, кои вчера го добиле акцискиот план за јунската сесија. Имено, како што нè информираат наставниците, во планот стои дека екстерното тестирање ќе почне на 9 јуни, а ќе заврши […]

Матурантите денеска екстерно ќе се тестираат

25 јануари 2016

Денеска почнува екстерното тестирање на матурантите, кое ќе трае до петок. Екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матурант, според податоците од Државниот испитен центар. Сите пријавени матуранти ќе полагаат тестови од два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред денот на полагањето. Од Државниот испитен центар изјавија дека прелиминарните резултати се […]

„Наставнички пленум“ побара Уставниот суд да го стопира екстерното

11 септември 2015

„Наставнички пленум“ до Уставниот суд поднесе иницијатива за спорните закони за основното и за средното образование, на која се потпишаа повеќе од 1.000 наставници. Од пленумот велат дека најголемиот дел од оспорените одредби се однесуваат на ектерното тестирање. – Она што би било најдобро сега да се направи е Уставниот суд да донесе привремена мерка, со која […]

СДСМ бара јавна расправа за укинување на екстерното

11 септември 2015

Денеска поднесовме барање за одржување јавна расправа за состојбите во образованието, за квалитетот што не се обезбедува со тестови, за укинување на екстерното тестирање, рече пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев, на прес-конференција во Собранието. Тој вели дека барањето за јавна расправа е доставено до претседателот на собранието, Трајко Вељаноски, и до претседателот на собраниската комисија […]

Адеми: Од септември нов концепт на државна матура

14 јули 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, најави дека од септември ќе има нов концепт за државна матура и за екстерно тестирање, за што ќе биде направена детаљна анализа и ќе бидат консултирани сите засегнати страни. – За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна, имаме подобри резултати од минатата учебна […]

За екстерното тестирање, поднесени 2.855 приговори

6 јули 2015

За екстерното тестирање во јуни биле поднесени 2.855 приговори, односно за 0,7 проценти од тестовите. Од нив 17 отсто се прифатени, 26,3 отсто се делумно прифатени, а 50 отсто се неосновани, информираат од Државниот испитен центар. Најмногу приговори се поднесени за предметите математика, македонски јазик, информатика и биологија. „Мал дел од приговорите (околу 40) се […]

СДСМ: Образованието да се ослободи од стегите на власта

25 јуни 2015

Екстерното како проект предизвика многу фрустрации, ги натера децата да учат напамет, тренираше строгост, ги измалтретира родителите и ги деградира наставниците, обвинуваат од СДСМ по објавувањето на резултатите од есктерното тестирање во основното и во средното образование. – Таканареченото екстерно тестирање, Владата на Никола Груевски го смисли за да може да ги конторлира и да […]

Од утре почнува полагање на државната матура

10 јуни 2015

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни, а прелиминарните резултати ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот тест. Сите испити ќе почнуваат во 10 часот. Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни – странски јазик, на 17 јуни […]

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

15 мај 2015

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. – Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да […]

Бојкотот продолжува, се бараат посредници за преговорите со МОН

29 април 2015

Без договор заврши и третата средба меѓу „Средношколски пленум“ и Министерството за обрзование и наука. Ниту средношколците ниту министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и по три остварени средби не отстапуваат од своите барања. Средношколците за наредните средби бараат присуство од Народниот правобранител, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет бидејќи, како што […]

Барањата на средношколците ќе се дискутираат на владина седница

28 април 2015

Преговорите помеѓу „Средношколски пленум“ и Министерстовото за обрзование и наука ќе продолжат, а барањата на средношколците ќе се разгледаат на денешната седница на Влада. По денешната средба, средношколците велат дека не добиле конкретно ветување, но се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Тие на средбата ги изложиле […]

Последна опомена за Владата од средношколците

1 април 2015

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа жолт картон. Барањата на „Средношколски пленум“ се враќање на стариот концепт […]

„Средношколски пленум“: Продолжуваме погласно и посилно од кога било

31 март 2015

„Средношколски пленум“ реагира на денешната средба на Министерството за образование и наука со Унијата на средношколци, кои договорија дека математиката нема да биде задолжителна во полагањето на државната матура. Тие велат дека се дополнително изреволтирани од манипулациите и дека ќе продолжат погласно и посилно од кога било со барањата кои се направени од средношколците за […]

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

24 март 2015

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по Широк сокак, барајќи укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот […]

Адеми: Ќе биде разгледано барањето на средношколците

20 март 2015

По протестот на средношколците вчера, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, рече дека барањето што тие го доставија до МОН ќе биде разгледано и дека матурантите преку дебата ќе бидат информирани за предностите на полагање државна матура. Тој додаде дека предметот математика во државната матура ќе биде на основно ниво. – Се работи за […]

Страна 1 од 2