Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

-

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање.

– Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да бидат празни. Тие, како луѓе и родители, не дозволија решавање на овој проблем, туку пред нивните порти да се подигне камп, да спијат малолетни деца, изложени на небезбедна ситуација. Ние средношколците немаме повеќе простор за каква било комуникација и за соработка со МОН. Целата гарнитура на МОН, на чело со министерот Адеми, ја прогласуваме за нелегитимна. По сета наша пожртвуваност и желба да најдеме крајно решение, не наидовме на компромис од другата страна. Временскиот период не дозволува промена на екстерното тестирање и затоа ние го распуштаме кампот и го ставаме во мирување бојкотот на наставата – вели средношколецот Исмет Шабановиќ.

Од „Средношколски пленум“ велат дека нивната борба за подобро образование нема да заврши тука и им порачаа на надлежните наредната учебна година да не дозволат реприза на изминатиот период.

– Им порачуваме на сите дека борбата тука не завршува затоа што ние тука не ставаме точка туку запирка. Борбата за подобро и за поквалитетно образование не може и не смее да чека и ние тоа како пленум нема да го дозволиме. Со почнувањето на наредната учебна година, почнуваме и ние, со нови сили и со нова надеж. На надлежните сакаме да им кажеме: Имајте ја на ум нашата решителност, бројност и нашата непоколебливост. Имајте го на ум први септември 2015 година и не дозволјувајте реприза на периодот што измина – вели Симона Туфегџиќ од „Средношколски пленум“.

Средношколците велат дека за пропуштените часови ќе бараат компромис со нивните професори. Донациите што ги собраа во изминатиот период ќе ги дадат за обнова на изгореното училиште „Вук Краџиќ“ во Куманово.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...