вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: АбдилаќимАдеми | 21 резултати

Интернационалата за образование задоволна од компромисот меѓу МОН и СОНК

јуни 2, 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, имаа средба со генералниот секретар на светска федерација на синдикати и организации во областа на образованието – Интернационалата за образование, Фред ван Лејвен, на која сите го искажаа задоволството од постигнатиот компромис меѓу МОН и СОНК. – На средбата дискутиравме за активностите и […]

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

мај 15, 2015

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. – Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да […]

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

мај 11, 2015

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои […]

Барањата на средношколците ќе се дискутираат на владина седница

април 28, 2015

Преговорите помеѓу „Средношколски пленум“ и Министерстовото за обрзование и наука ќе продолжат, а барањата на средношколците ќе се разгледаат на денешната седница на Влада. По денешната средба, средношколците велат дека не добиле конкретно ветување, но се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Тие на средбата ги изложиле […]

Средбата меѓу „Средношколски пленум“ и МОН заврши без договор

април 27, 2015

Средбата меѓу претставниците на „Средношколски пленум“ и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, завршила без постигнат компромис, но со договор преговорите и средбите меѓу засегнатите страни да продолжат. Во меѓувреме, бојкотот на наставата ќе продолжи, а средношколците ноќта ќе ја поминат во шатори […]

За шест месеци, ново средно училиште во Сарај

април 4, 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги посети Општина Сарај и објектот на новото средно училиште. – Денеска сме тука со градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај да извршиме увид во градежните работи на ново средно училиште во оваа општина. Морам да напоменам дека договорот со претходниот изведувач на градежните работи беше […]

Адеми: Ќе биде разгледано барањето на средношколците

март 20, 2015

По протестот на средношколците вчера, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, рече дека барањето што тие го доставија до МОН ќе биде разгледано и дека матурантите преку дебата ќе бидат информирани за предностите на полагање државна матура. Тој додаде дека предметот математика во државната матура ќе биде на основно ниво. – Се работи за […]

Адеми потпиша Меморандум за соработка со Британскиот совет

март 13, 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и извршниот директор на Британскиот совет во Македонија, Елеонора Запрова, потпишаа Меморандум за оперативна соработка. „Целта на овој меморандум е да се воспостави соработка помеѓу Британскиот совет во Македонија и Министерството за образование и наука, за да се обезбедат консултантски услги за спроведување подготвителни активности за проектот „Имплементација […]

Адеми: Наша цел е да го подобриме статусот на наставниците

март 6, 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на дебатата „Предизвиците на албанското образование“, која се одржа по повод 7 Март, Денот на учителот. Во своето обраќање, Адеми посебно се осврна на значајната улога што ја имаат наставниците во текот на едукацијата на учениците. – Секое време носи свои предизвици. Со академијата за наставници, ќе […]

Министерот Адеми ги додели наградите „Лидер“

февруари 27, 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги додели наградите од натпреварот „Лидер“ за најдобар ученик во струката. Натпреварот го организираа Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование. – Можам да кажам дека сум задоволен од интересот на учениците и на наставниците за учество на натпреварот, кој ќе биде традиционален, […]

СДСМ во Центар ќе бара разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“

јануари 23, 2015

Советничката група на СДСМ и на коалицијата, денеска во Советот на Општина Центар ќе предложи заклучок за разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“, која, според советничката група на социјалдемократите, била незаконски поставена на функцијата. – До градоначалникот беше доставен предлог за избор на директор од двајца кандидати за коишто членовите на училишниот одбор […]

Адеми: Ќе бидат прифатени предлози во вид на амандмани од пратеничките групи

јануари 5, 2015

До крај ќе се залагам за да се стави крај на негативните појави во образованието затоа што наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование за здраво општество и за европска визија на нашата држава. Се надевам дека за ова ќе имам подршка и од вас, академската заедница, истакна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, […]

„Студентски пленум“: Министрe, го слушнавте ли гласот на 10.000 студенти?

декември 17, 2014

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ си заминаа по два часа чекање пред Министерството за образование, каде зад затворени врати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и заменик-министерот, Спиро Ристовски, имаа работна средба со деканите на педагошките факултети. Средбата беше префрлена во последен момент, па наместо најавената јавна дебата по повод предложените предлог-закони која […]

МОН доделува стипендии за 2.905 студенти

декември 2, 2014

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 година ќе додели вкупно 2.905 стипендии кои се поделени во три групи. Студентите треба да ги поднесат документите во Министерството за образование и наука од 15 до 30 декември, а резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 3 фебруари следната година. – Право да добијат стипендија […]

Студентите му закажаа на Адеми

ноември 26, 2014

Претставници на неформалната студентска организација „Студентски пленум“ го поканија министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на средба, на која преку директна комуникација би го изложиле нивниот став во однос на предложената реформа. „Би сакале да ја оствариме таа средба со Вас на 28 ноември 2014 година (петок) во 12 часот, на која би присуствувале следниве претставници […]

Адеми за „Алсат-М“: Студирав осум години, од кои пет беа ефективни

ноември 25, 2014

Во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, го појасни недоразбирањето што настана околу терминологијата за завршните испити кои студентите треба да ги полагаат во втора и во четврта година. Премиерот Никола Груевски рече дека она што се разгледува не е екстерно туку државен испит, а зборот „државен испит“ во „есктерно“ […]

Адеми: Студентите ми бараат оставка, а не се политичка партија

ноември 18, 2014

Студентите кои протестираа вчера за да се укине ектерното тестирање на факултетите сакаат и институционално да ја продолжат борбата. Бараат средби со надлежните институции каде што ќе можат да ги образложат нивните ставови и проблеми. Сè уште не добиле никаков одговор од министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на писмото што му го испратија […]

Страна 1 од 1