fbpx

Барањата на средношколците ќе се дискутираат на владина седница

-

Преговорите помеѓу „Средношколски пленум“ и Министерстовото за обрзование и наука ќе продолжат, а барањата на средношколците ќе се разгледаат на денешната седница на Влада. По денешната средба, средношколците велат дека не добиле конкретно ветување, но се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Тие на средбата ги изложиле своите ставови и барања и чекаат одговор од Владата, а во меѓувреме бојкотот на наставата ќе продолжи.

– Очекуваме во најбрз можен рок да постигнеме компромис со кој ќе бидат задоволени двете страни. Се обидуваме да постигнеме некој резултат што најмногу ќе нè задоволи нас учениците. Ќе се преземат пошироки дискусии во однос на матурата и на есктерното тестирање. Спремни сме да го вратиме стариот концепт на државна матура и спремни сме да направиме суштински промени во однос на екстерното тестирање. Не добивме никакво конкретно ветување, треба да оствариме втора средба, најверојатно утре, откако овие предлози што денеска ги дискутиравме ќе поминат на седница на Влада. Бојкотот на наставата продолжува сè додека не дојдеме до официјален компромис. По вчерашната средба, министерот и заменикот се порасположени и отворени за компромис – вели средношколецот Дејан Рајковски.

На средбата помеѓу „Средношколски плеум“ и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и заменик-министерот Спиро Ристовски било одлучени на некоја од наредните средби заднички да се договорат на кој начин средношколците ќе ја надоместат изгубената настава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...